Skip to content

Пролетна мечта – Гане Тодоровски

Во сината блуска на нашето небе,
во цветот на вишните сочни,
јас чувствувам оти те наоѓам тебе
и твоите сакани очи.

Во милувот нежен на ветерот скитник
низ градот што пијано шета;
јас чувствувам оти со насмевка китна
во прегратка тебе те сретнав.

А кога пак липите цветни ме гушнат
со мирислив полноќен трепнеж,
знам: тоа е мојата сакана друшка
за љубовта она ми шепне.

И сонот штом легне над моите клепки
штом секаде шумот ќе смолчи,
две ѕвезди од сводот низ мракот ќе трепкат
ко поздрав од твоите очи.

Гане Тодоровски (Во утрините)

Напишете коментар