Skip to content

Брзозборки

,,Како што е умешност да се напише тешка, содржајна поема или прозно дело. Исто така е тешко да се напише и тешка но забавна брзозборка.

Брзозборки, сигурен сум дека скоро сите кои ќе го прочитаат напишаново ќе се присетат на своите баба и дедо. Кои како мали им биле кажувани итри зборчиња кои биле не сфатливи за нив. Во мојот случај :), бабата беше таа која знаеше да ми каже и некоја “сочна“ брзозборка која ќе ја споделам со вас. Но пред тоа, ајде да научиме нешто повеќе за брзозборките. Како тоа и кои се македонските писатели кои пишувале брзозборки.

Брзозборките се зборовни конструкции тешки за изговор, се изговараат брзо и при брзиот изговор се прават грешки кои предизвикуваат весело расположение. Тие се пресврт на јазикот и специфична низа на зборови чиј брз, повторен изговор е тежок дури и за говорителите на мајчин јазик.
Честопати, тие се слични зборови што следат еден на друг, но се разликуваат во одредени слогови. Чести се и алитациите (македонски писател кој покрај другото пишувал поеми со употреба на алитации како вид е Матеја Матевски).

Покрај тоа, некои јазици се тешки заради нивниот необичен состав на зборови (структура на реченици) и затоа бараат високо ниво на концентрација. Некои брзозборки на јазик се направени за забава, но од друга страна, професионалните ,“говорници“ како што се актерите, политичарите и домаќините на телевизија/радио ги користат како вежби за артикулација.

Во македонската литература брзозборки пишувале Васил Куноски, Рајко Јовчевски, Киро Донев и уште неколку писатели. Притоа ајде да се потсетиме на дел од нив, од друга страна и да научиме некои нови кои за пр пат ги сретнуваме. 😉

1. Бел петел бела пепел преташе.

2. Џеб, џепче, џепчиња без денарчиња.

3. Едно дрво јаворово преку поле Лазорово.

4. Лош кантар црн катран мереше.

5. Во дол бол има вол.

6. Ситна роса ситно трева росеше

7. Страчка каша варила од јачмен и просо, а пак ќосот во ќошот си го чепкал носот.

8. Седеше турче, на криво крувче. 

9. Че ом, че ам, че дом.

10. Ж’т д’лг в’к.

11. На врв брда врба мрда.

12. Пролајало јаре.

13. Машина шо сушит.

14. Секој петок урда јадам.

15. Кралот Карло на Кралицата Карла ѝ го украл кларинетот.

16. Карикатуристот карикатурира карикатура со карактеристичен карактер.

17. Пет илјади петсто педесет и пет шишиња полни со свеж швепс.

18. Ми рекоа да му речам и си реков дај да му речам да не речат дека не сум му рекла.

19. Фатив слон и сом на сон.

20. Учителката вика дека за вика не се вика вика туку се вика Велика.

21. Штркот штрака со штракалката.

22. Петко плете плет, Петкоица меси леб, пуш ти Петре плет, за да јадеш леб.

23. Јадев леб под пукнат камен, пиев вода над пукнат камен.

24. Шест чаши свеж швепс.

25. Капа опаку капа.

26. Потипис дата вода пијам.

27. Пушка пукна, патка падна.

28. Жабата Жа од барата Ба ја викнала жабата Ба од барата Жа.

29. Боб под поклоп.

30. Штрк, штр, балабан, потфати се под ваган.

31. Петко наш голем маж, фатил глувче за опаш.

32. Мало бек, лапај снек, цепи штици, јади трици.

33. Поминаф поле Лазороо, најјдоф зељзка расолоа, овја расол лош расол, нашиот расол арен расол.

34. Саач, шут саач.

35. Три педи три погачи за мајкина пизма.

36. Угоре мома удолу коса.

37. Желта дуња Деспина, роди сина мајмуна, го крстиле Спаско.

38. Дојди попе, дојди пак пак, не ти гинит тфојот ак, за земање никој пат.

39. Жими буда недеља герамида кадеља.

40. Не су јаре видела дробот си го изела.

41. Дрзок дрвар в дрма дрва врзал.

42. Наташа од Ваташа и Маташа од Ваташа. 

43. Бутур, бурмут, тутун.

44. Крле корка крка, од грнец грав срка.

45. Калелем јарма урма тас тус пинпиле канче катанче.

46. Црн мебел, бел мебел.

47. Кракара Бакара Бакара Кракара Скинат конец со Макара.

48. Роса- роса росица, до појас косица.

49. Нешто шушка, на крушка, до грмушка.

50. Пукна пушка под пењушка.

51. Петко пеш по патот оди, патот право в училиште води.

Сега ви останува само да вежбате и да се смеете. 😉

Напишете коментар