Skip to content

Приказна за девојката, океанот и ѕвездите – Јасмина Михајлоска

  • by

Разбрануван океан. Безброј ѕвезди.
Таа сама, а сепак среќна, со мир во душата, мирот по кој толку долго трагаше, насмевка на лице, насмевката која често ја губеше, надеж за подобро утре, надежта која толку тешко ја наоѓаше.  И беше потребно ова, далеку од сите, а блиску до сама себе.
Океанот и беше засолниште, тогаш ги гледаше неговите бранови, а своите ги смируваше. Кога се наоѓаше на плажата, а над неа небо полно ѕвезди, тоа беше за неа утехата што ѝ беше потребна, тоа беше слободата која ја посакуваше, тоа беше нејзината дефиниција за среќа.
Тука будна сонуваше, тука со отворени очи мечтаеше, тука желби замислуваше.
Знаеше дека кога ќе се врати назад, повторно ќе се соочи со целиот свет, со проблемите, со реалноста… Но тука, тука не постоеше ништо, тука беше во својот свет макар на кратко.
Можеби еден ден ќе го подели со некого сето ова, со некој што разбира, со некој што ќе ја најде својата среќа во океанот, ѕвездите и нејзините очи.
А до тогаш ова ќе остане нејзина мала тајна, нејзин свет, нејзина приказна, приказна за мирот во нејзината душа, за среќата во нејзината насмевка и надежта во нејзините очи… приказна за девојката, океанот и ѕвездите.

Јасмина Михајлоска

Напишете коментар