Skip to content

Наслови од македонски автори се влезени во потесен избор за Наградата за литература на Европската Унија

Насловите од четири македонски автори кои се избрани во потесна конкуренција за Наградата за литература на Европската Унија се објавени денеска напладне, а тие се следниве:

  • Давор Стојановски, Утеха за голите (Consolation for the Naked), publisher: Или-или (ili-ili)
  • Ѓорѓи Крстевски, Другата страна (The Other Side), publisher: Бегемот (Begemot)
  • Михајло Свидерски, Последните денови на Ханс (Hans’s Last Days), publisher: Или-или (ili-ili)
  • Петар Андоновски , Страв од варвари (Fear of Barbarians), publisher: Или-или (ili-ili)

Наградата за литература на ЕУ ги препознава авторите на новели од цела Европа.
Вклучени се 41 држава, секоја од нив е дел од Краетивниот европски програм – иницијатива која се стреми да ги зајакне европските културни и креативни сектори.
Наградата првпат беше доделена во 2009 г., а од тогаш беа препознаени 122 наградени автори низ 11 едиции.
Секоја година, Наградата за литература на ЕУ наградува по еден победник од секоја држава. Оваа година добитници на наградата ќе бидат автори од 13 држави: Белгија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Кипар, Данска, Естонија, Германија, Косово, Луксембург, Црна Гора, Северна Македонија, Норвешка и Шпанија.

Победниците ќе бидат прогласени на 19 Мај оваа година.

Линк до оригиналната објава

Напишете коментар