Skip to content

За мир и љубов – Ненад Џамбазов

Радоста блика
ако сме чесни,
со срце ширно,
со бисер песни.

Со топла надеж
за мир и љубов,
животот вечно
да ни е убав.

Да нема војни,
среќа да цари,
за сите луѓе,
млади и стари.

Радоста блика
кај секој човек,
мир нека има
во светот довек.

Ненад Џамбазов

Напишете коментар