Skip to content

22 нешта што ги прават “поинаквите” луѓе

Има нешто шармантно и неодоливо во овие луѓе, тие како да го гледаат светот од друга перспектива, но и на тоа што го прават. Одлуките што ги носат се поинакви од оние што останатите луѓе вообичаено би ги направиле. Но, со што навистина овие луѓе се истакнуваат од мнозинството и со кои битки се соочуваат секојдневно? Следните издвоени нешта им се посветени ним. Но зошто да не и на оние помалку креативните, бидејќи на крајот сите ние сме посебни на свој единствен начин.

1. Тие добиваат инспирација во најмалку очекуван момент. Тие не можат да одлучат кога ќе им се појави следна голема идеја. Едноставно ќе се појави на најмалку очекуван начин и во најмалку очекуван момент.

2. Тие многу фантазираат. Тие и се, но и истовремено не се тука. Можат да одлетаат со своите мисли во било кој момент во текот на разговорот. Немојте да им се лутите бидејќи едноставно се такви.

3. Лесно им станува здодевно. Потребно им е да бидат стимулирани за да останат активни. Нема да се сосредоточат на нешто што не им се допаѓа. Можете да речете дека имаат АДХД или што и да посакате, но тоа е само дел од нивната генијалност.

4. Го набљудуваат светот со детски очи. Дел од нив никогаш не пораснува и можеби во тоа всушност е тајната, да се гледа светот со очи на дете.

5. Ќе доживеат неуспех, но бидете сигурни дека ќе се обидат повторно. Животот не им е секогаш лесен на креативците, посебно на професионалците. Ќе доживеат неуспех илјада пати во својот живот, потоа ќе се издигнат и ќе успеат, за повторно да погрешат. Секоја креативна личност дури и најуспешната, доживеала неуспех односно била одбиена многупати. Но, на крајот успева.

6. Речено им е да најдат сериозна работа. Не е лесно да бидеш прифатен како креативна личност, посебно кога вашите најблиски очекуваат нешто друго од вас. Вистинските креативци ќе ги следат своите сонови.

7. Тие ќе го следат своето срце иако често нивниот ум мисли поинаку. Велат дека креативните луѓе помалку се грижат за нивните проблеми и повеќе ризикуваат. Тоа може да донесе илјадници неуспеси, но и милион задоволства.

8. Се губат во времето. Кога создаваат тие се губат во времето и просторот, можат да заборават да јадат, да пијат, па дури и да спијат. Кога зборовите, боите или идеите почнуваат да извираат од нивниот ум ништо друго не им е битно.

9. Тие работат кога вие спиете и спијат кога вие работите. Како што кажавме под број 1, инспирацијата доаѓа во неочекувани моменти. Само треба да се прифати и да се направи нешто големо од неа.

10. Каде повеќето луѓе гледаат потешкотија тие гледаат прилика. Ја гледаат посветлата страна на нештата и брилијантно излегуваат од неприликите на необични начини.

11. Тие се вљубуваат во своето дело, т.е. утре го мразат. Тоа сè уште е мистерија, но постои некој вид процес кој ги прави исклучително променливи во мислењето за своите креации.

12. Го мразат она што всушност го створиле, но целосно ќе го сакаат 12 часа подоцна. Баш како под број 11, тоа може да се случи.

13. Скромни се и горди истовремено. Секогаш се спремни да направат, но ќе бидат исклучително горди и самоуверени кога се во прашање нивните идеи и креации.

14. Секогаш бараат нови начини за изразување. Без оглед дали сте професионалци или едноставно креативна личност знаете дека не постои само еден начин за изразување на креативноста. Ако сте фотограф веројатно ќе сакате да создавате на многу различни начини. Истото важи и за сликарите, уметничките директори, писателите и останатите креативни луѓе општо.

15. Одолговлекуваат. Дајте им рок и тие ќе го почитуваат, но можете да бидете сигурни дека 90% од работата ќе ја направат ноќта пред рокот.

16. Гледаат од другата страна на медалот. Секогаш можат да ги набљудуваат ситуациите од различни гледишта.

17. Не сакаат граници. Правилата и ограничувањата не се за нив. Многу популарни креативци во историјата се окарактеризирани како бунтовници.

18. Често не сакаат бројки. Тие се сјајни и навистина можат да ве изненадат од време на време, но ако се обидете да им дадете да решаваат математички задачи ќе бидете изненадени колку тие не ги сакаат бројките.

19. Тие се извонредни набљудувачи. Често ги посматраат луѓето и кај нив ги забележуваат и најситните детали. Луѓето и всушност сè останато може да биде инспирација за нивната следна идеја.

20. Секогаш создаваат нови искуства. Како што веќе кажавме, тие мора да бидат стимулирани за да бидат креативни. Постои ли подобар начин за бегство од рутината правејќи нешто што не си го правел никогаш претходно?

21. Ќе направат сè од почеток без оглед колку далеку стигнале со нивната последна креација. Ако во одреден момент не им се допаѓа нема да помислат два пати пред да ја отфрлат и сè да почнат одново. И одново. И одново.

22. Тие сакаат сè. Го сакаат животот, луѓето, ги сакаат емоциите, животните, убавината. Тие во тишина можат да гледаат најубаво зајдисонце кое некогаш го виделе или да бидат возбудени поради идните ликовни изложби во градот. Без оглед на сè нивната љубов кон животот е заразна и ако имате такви пријатели, бидете покрај нив. Ќе ви го направат животот малку поубав.

Напишете коментар