Skip to content

Второ онлајн поетско читање на љубителите на поезија ќе се одржи во петок

Драги љубители на поезијата, на 24 април во 20:00 ч. ве покануваме на онлајн поетско читање на апликацијата Зум (Zoom). Можеме да читаме песни што сме ги напишале ние самите, но можеме да читаме и од други поети, на кој било јазик, а се поканети и оние што, едноставно, сакаат само да слушаат поезија. Пријатели, перото или книгата во рака, мислите во ум, стиховите од срце – тоа е сè што ни треба за оваа карантинска дружба, која е од отворен карактер и на неа може да учествува секој што има желба. Поканете ги вашите пријатели за да можеме сите заедно да плакнеме уши. 🙂 Ве очекуваме…

стои во официјалниот опис на настанот од страна на организаторот

Настанот е организиран од групата на Фејсбук „Размена на книги и книжевни муабети“ и нејзините админи.

Кој сака да се приклучи слободно може да го направи тоа во петок.
Еве го и линкот кој води до објавата од настанот.

Кога? – На 24.4. во 20 часот – овој петок.

Каде? – Онлајн преку апликацијата Зум (Zoom)

Напишете коментар