Skip to content

Изгубена белезица – Менче Кадинец

  • by

Свесно или кој знај како ја изгуби белезицата. Да, нејзин живот беше тоа нејзино сѐ.
Знаеше Ленче дека тоа е тоа, но душата ѝ подклекна. Се сети кога Оливер ѝ рече: “Немојте, немојте, без белезица да се оставате”.А тогаш мислеше Ленче на нешто друго…на аглите во куќата невидени, на дворот недометен,на слободата. Се сеќаваше и на зборовите од Блаже: “Имате свој живот,немојте”. “Жртвите не биле правило на животот” си велеше Ленче.
Ништо не се промени од она што мислеше. Небото исто, не ,не исто, туку посмуртено, сонцето исто, не, не исто, туку помалку грее, насмевките помалку топлат, сѐ некако променето. И гледаше во своите четири ѕида, бараше збор, разговор.
А, само потемнети луѓе околу нејзе. Секој по својот пат. Својот го изгуби одамна, свесно или намерно. Кој знае по своја желба или туѓа. Се помешаа работите. Болката во градите сѐ повеќе ја стегаше. Ќе ме видеше, ќе ме повикаше “Дојди, дојди кафе да се напиеме”.
Ја видов неколку пати, и знаев, секој ден душата ѝ зајдуваше.
Наредниот пат кога поминав низ улицата, никој не ме повика. Не можеше Ленче без нејзината белезица, што велеа стари. Нејзината златна белезица.

Мери – Менче Кадинец

Напишете коментар