Литература Македонска поезија Поезија

Бессоница – Матеја Матевски

Под прозорот се јазат уморено во собата
познатите звуци на гитарата
Тоа пак во дворот осамотен пее
и вика да го придружиме
стариот пријател наш

Молчиме ние тој вика
Молчиме сите тој пее:
Тивко е темно сред класјето во полето
и осамотеноста боли
Барем вечерва, вечерва слезете долу
развеселете ме

Зошто не би дошол тој сам во собата
нам ни е долу страв
Ноќта е темна ноќта е густа
нам ни е долу страв

Молчиме ние тој вика
Молчиме сите тој пее

Прокиснува песната негова
во белиот дождец на зората
и во полето леко се крие

През прозорецот отворен молчиме молчиме
бессоницата и ние

Матеја Матевски

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје