Skip to content

Јаготка – Менче Кадинец

  • by

Им се роди од љубов, во пролетен месец. Очите на таткото светеа од радост, гледајќи го своето чедо.”Колку  ве сакам двете” ѝ велеше на својата сопруга. Да, велеше таа „Среќа моја си ти и моето дете”. Наредната  година со душа ги чекаше јаготките, да ги понуди на своето чедо. Сиромашен живот, ама богат со дух, со љубов, со јаготки. Ги гледаше очите мали, усните мали на својата керќа како страсно трчаат по јаготките..”Дај ми…дај ми”…
Со  устето ги шмукаше лакомо, а сокот капеше по белото фустанче. Го чекаше и Велигден да ѝ купи чевлина, ново фустанче. Со восхит ја гледаше својата женичка ,кога тројцата одеа на кино и весели се враќаа во својот дом. Мирисот на испржениот кромид ги мамеше за вечера, а потоа легнати во тишина го слушаа радиото, нивната омилена драма.
Така среќни сонот ги пристигнуваше. Магијата на животот ги исполнуваше. Некогаш дрвениот кревет паѓаше, но никој не се повредуваше.”Ќе ѝ сошијам поубаво фустанче “велеше мајката…Пуфката на косичето на нејзиното дете гордост ѝ беше.
А, тоа дете убаво, полничко со црвени обравчина. Поголемите деца го земаа за рачината да го прошетаат…И сè така…Животот продолжуваше и радост неизмерна внесуваше.

Менче Кадинец