Skip to content

Дали Шекспир ја напишал „Кралот Лир“ за време на карантин додека владеела чумата?

Чумата владеела за време на живеењето на „Големиот поет“, затворајќи ги театрите и уништувајќи ги животите. Дали тој ја напишал неговата мрачна и очајна драма додека бил во самоизолација? Се обидовме да ги разграничиме доказите.

Додека некои од нас се „заглавени“ во самоизолација или работат од дома и гледаат Тик Ток видеа и ги освежуваат нивните блогови за животен стил, на интернет се појави „меме“ кое кружеше наоколу тврдејќи дека Шекспир го искористил седењето во карантин за време на чумата за да го напише „Кралот Лир“.

Поетот најверојатно ја искористил предноста на подолгото затворање на „Глоуб“ за да стигне со успех да го заврши пишувањето на „Магбет“ и „Антони и Клеопатра“. Нема ништо лошо во разните занимации, но времето треба квалитетно да се искористи.

Дали навистина е точно барем дел од ова за Шекспир? Можеби, но несомнено е фер да се каже дека како сите што живееле во времето на кралицата Елизабета I, кариерите на драмските писатели биле под влијание на бубонската чума на начини кои денес е невозможно да се замислат дури и во средината на траењето на Ковид-19. Како дете тој имал среќа за да ја преживее болеста: Стратфорд на Ејвон (неговиот роден град во Англија) бил уништен од голема болест во летото 1564 година, неколку месеци откако се родил и четвртина од населението во градот починале.

Растејќи Шекспир слушал бесконечни приказни за апокалиптичните настани и коленичел во црква на свечените сеќавања во чест на луѓето од градот што биле починати. Неговиот татко Џон бил блиску инволвиран во напорите за олеснување на ситуацијата и учествувал на средби за да им се помогне на најсиромашните во градот. Тие средби биле одржувани на отворено поради ризикот.

Заканата што ја претставувала чумата не била мала

Кога Шекспир станал професионален глумец, а потоа и драмски писател и акционер во лондонска компанија, чумата била и професионална и егзистенцијална закана. Докторите немале сомнеж дека заразата биле пренесувана од стаорци, и во еден момент кога се влошиле симптомите одеднаш за време на пролетните и летните месеци, во врвот на театарските сезони – надлежните органи веднаш ги забраниле масовните собири. Знаејќи дека авторитетите биле природно сомничави кон театрите како и сè што им се припишувало, театарските куќи биле први затворени.

(Борделите и арените за борба на мечки исто така, коишто некои театарски сопственици ги користеле за приход). Како што рекол еден проповедник во тоа време: „Причината за чумата е грев, и причините за гревот се претставите.“ Помеѓу 1603 и 1613 година, кога Шекспировите писателски моќи станале поголеми, „Глоуб“ и другите Лондонски театри биле затворени од зачудувачки 78 месеци во вкупно времетраење– повеќе од 60% од времето.

Театрите претрпеле големи загуби 

Овие биле темни периоди за театрите на повеќе начини. Актерите биле принудени да работат нешто друго, и повеќето починале (луѓето на возраст од 10 и средн 30-ти години биле посебно ранливи). Компаниите доживеале банкрот или биле принудени да прават тури по провинциите, надевајќи се дека новостите од чумата нема да тргнат пред нив. Барем еден од оние што ја пишувале биографијата на Шекспир истакнал дека била сомнителна иронијата за затворањето: Луѓето што посетувале театри обожавале за ужина да имаат лешници, што можеби предизвикало проширување на чумата.

А, што за теоријата на Лир? Не дека е невозможно: знаеме дека претставата била играна пред кралот Џејмс I  одржан на празникот „Boxing day“ еден ден после Божиќ во 1606 г., првата запишана изведба, и се шпекулира дека била напишана таа година или една година претходно. Како што истакнува театарскиот историчар Џејмс Шапиро, тоа било најголем настан за време на чума во Лондон во летото 1606 година, што водел до затворање на „Глоуб“ и сите други лондонски театри.

Ехото во Лир – како инспирација за најмрачните трагедии

Затворањето не било толку лошо колку тоа пред три години во кое животите ги изгубиле многу лондонски жители, но се продолжило за време на летото и раната есен, и лондонската општина во градот каде што Шекспир живеел била една од зафатените со зараза. Всушност првата куќа на драмскиот писател била зафатена: една од оние кои умреле таа година била неговата газдарица Мери Маунтџој. Кога се знае овој факт, тешко е да не се слушне ехото во Лир, аргументирано една од најмрачните трагедии напишани од Шекспир.

Расположението во градот мора да било застрашувачко – дезертирани улици и затворени продавници, кучињата трчале слободно, сите морале да одржуваат дистанца, црковните ѕвона чукале бескрајно за погреби – и нешто слично се случувало во избелениот свет од глума. Текстот е заситен од слики на смрт, хаос, нихилизам и депресија. Како што Глочестер нерасположено набљудувал: „Љубовта се оладува, пријателствата се растураат, го видовме најдоброто од нашето време.

Не знаеме колку со сигурност „Лир“ театарскиот текст – не е ни блиску експлицитен колку „Алхемичарот“ од Бен Џонсон, или иронично насловениот новинарски леток од Томас Декер „Неверојатна година“ која што ги поврзува ужасните настани од 1603 година – но дефинитивно изгледа каков таков.

Не само дека единствено Шекспировата претстава упатува на чума или зараза на некогаш присутната реалност за драмскиот писател и неговите современици. Иако не постојат многу директни упатувања на бубонската чума во неговите ракописи (записи), таа ја засенува критичната положба – повеќе почувствувана отколку видена.

„Магбет“ – напишана во време на епидемија

„Магбет“ разбирливо била напишана за време на епидемијата во 1606 година, содржи краток, заплеткан говор кој би можел да зададе страв од повеќе очевидци. Како што забележал Шапиро: „И покрај должината од помалку од четири линии, најверојатно не постои подобар опис за теророт и неудобната чума со која се соочувале.“ И „Кралот Лир“ е уште побрутално директен.

Десната рака на Лир, Кент, му вика на слугата Освалд: „Чумата над твојот епилептичен лик!“ Лир ја опишува „чумата како виси во овој лебдечки воздух“, упатувајќи на општоприфатената теорија дека заразата можела да биде проширена преку авионска трансмисија. Дали чумата била нешто добро во Шекспировата личност е доста дискутабилно. Како акционер на два театри и на компанија, тој би бил исто анксиозен исто како секој продуцент во театрите во 2020 година за затворањето, ефектот во крајна линија би бил многу сличен и прашањето дали би имало некаква поента да се прават нови текстови ако не може никој да ги одигра.

Изолацијата за Шекспир не била најпогодна за функционирање

Според некои извори познато е дека тој работел приватно со актерите, неговите најдоверливи соработници и дури и ги пишувал неговите претстави во театарските градби, како зафатен глумец-писател-менаџер, имал навика да прави 17 работи одеднаш, изолацијата не била негов најпрефериран начин на фунцкионирање.
И тешко било дури и ако времињата на чума биле спокојни на неко начин, посебно ако си бил заробен во градот. Шекспировата куќа на „Силвер стрит“ била свртена кон црква чиишто камбани константно биеле за жртвите од чумата: било невозможно да се избега од тој звук.

Вредно е да се спомне дека за време на претходните појави на чума во Јуни 1592 година, кога театрите биле затворени блиску 6 месеци, Шекспир се насочил кон поезијата: неговите долги наративни поеми „Венера и Адонис“ и „ Грабнувањето на Лукреција“ двете биле создадени во тој период, можеби бидејќи нивниот млад автор бил толку очаен за посигурни извори на заработка. Ако театрите останеле затворени и неговата кариера исфорсирана од пандемијата како поет “одлетала“ можеби никогаш немале да настанат „Лир“ или „Ромео и Јулија“, „Хамлет“ „Магбет“, „Антони и Клеопатра“ или кое било друго од неговите најдобри дела.

Напишете коментар