Skip to content

14 книги кои ги препорачуваме за читање во и вон карантин

Утврдивме дека карантинот може да ни се чини дека трае предолго и дека треба да се изнаоѓаат начини за пополнување на времето.  Ако се мислевте што да читате следно, ние имаме предлози за вас. Можеби повеќето од овие книги веќе и ви се прочитани, а можеби и не, зависно од вашите лични преференции. Сите не читаме исти жанрови, па така сосема е разбирливо некои наслови да ги немате прочитано, а некои можеби ви се ставени на листата за читање. Погледнете ги во продолжение нашите предлози за читање.

1. „Будење“ – Ентони де Мело

 Сега како што сме зафатени со седење дома  во поголемиот дел од времето убаво е да се потсетиме на главната порака на оваа книга. „Животот е тоа што ни се случува додека сме зафатени“ е една од носечките реченици на оваа кратка книга, исполнета со бесценета мудрост. Со мноштво на анегдоти и приказни, како и вежби за самопомош, Будење позитивно влијае врз промените и општо врз погледот кон животот.

2. „Љубов во време на колера“ – Габриел Гарсија Маркез

Љубовната приказна меѓу Фермина Даса и Флорентино Ариса, во сценариото на едно пристанишно гратче на Карибите во текот на повеќе од шеесет години, би можела да изгледа како мелодрама на осудените љубовници кои на крајот победуваат благодарение на милоста на времето и силата на сопствените чувства.

3. „Клетници“ Виктор Иго

Задолжителна лектира во средно образование и еден од класиците кои штета е да ги немате прочитано. Романот е објавен во 1862 година, се смета дека е еден од најзначајните романи на 19 век. Тој ги следи животите на неколку ликови во период од 17 години во почетокот на XIX век, од 1815 година до 1832 година, т.е. до Јунското востание. Во него Иго ја испитува природата на законот и славата, пишува за историјата на Франција, архитектурата во Париз, за политиката, за моралната филозофија, за антимонархизмот, за правдата, за религијата и за типовите и природата на романтичната и семејната љубов, итн. Значи широк опсег на теми се опфатени во овој класик. И е наша топла препорака.

4. „Девојката пред мене“ – Џ.П Дилејни

„Направи список со сите работи што ги поседуваш и ги сметаш за клучни за твојот живот.“ Барањето делува чудно, дури и нападно – и за двете жени кои ќе одговорат на него, последиците ќе бидат фатални. Истрауматизирана од провала во нивниот дом, Ема сака ново место за живеење. Но ниту еден од становите што ги гледа не е безбеден или финансиски пристапен за неа. Сè до куќата на улица Фолгејт. Куќата е архитектурно ремек-дело: минима-листички дизајн од светол камен, затемнети стакла и страшно високи тавани. Но има правила. Мистериозниот архитект што ја дизајнирал куќата ја задржува целата контрола над неа и тој не дозволува книги дома, не дозволува украсни перници, не дозволува рамки за слики или неред или какви било приватни дрангулии. Целта на куќата е да го трансформира станарот и таа навистина го прави тоа.

Го одржува вниманието будно од првата до последната страница, и без многу настани, сместена главно на една локација, а помалку и на други места – одличен трилер што треба да го прочитате.

5. „Д стенд“ – Стивен Кинг

Напишана уште во 1978 година, во книгата се зборува за вирусна пандемија што го десеткувала човештвото. „The Stand“ е оригиналниот наслов и не сме сигурни дали е преведена кај нас. Постапокалиптична книга која се смета за една од неговите најдобри. Постои и филмска адаптација на истата. Најверојатно оваа книга која станала денешна реалност е најблиска до она со кое се соочуваме во моментов. Не ми е лично прочитана, но еден ден сигурно ќе ја прочитам. Сепак, одлучивме да ја ставиме во препораки, бидејќи сметаме дека е најсоодветна за читање во карантин.

This image has an empty alt attribute; its file name is 14-knigi-koi-vi-gi-preporachuvame-za-chitanje-vo-karantin-no-i-nadvor-od-nego1.jpg
6.  „Чума“ – Албер Ками

Овој роман е вистинска слика на она што ни се случува. Ова е приказна за вирус кој неконтролирано се шири од животни на луѓе и завршува со тоа што умира половина од населението на еден сосема „обичен град“ Оран, кој се наоѓа на алжирскиот брег.

За Ками, кога станува збор за умирање и смрт, во историјата се нема направено никаков напредок, нема бегање од оваа наша кревкост . Да се биде жив секогаш беше и секогаш ќе остане вонредна состојба; тоа е навистина наша „ реална состојба“ од која не можеме да побегнеме. Дали има чума или нема, таа е секогаш тука, не демни, иако под  чума  се подразбира ненадејна смрт, настан кој му дава безначајност на нашите животи.

На оваа безначајност Албер Ками  мисли кога зборува за „апсурдноста“ на животот. Кога ќе ја препознаеме  оваа апсурдност не треба да очајуваме, туку да бараме некакво спасение иако тоа можеби изгледа траги комично, да станеме подобри личности, да престанеме со осуди и мудрување, да бидеме благодарни за животот и да се радуваме на секој даден момент.

7.Шан Са“ – Царица

Го  препорачувам овој фасцинтен историски роман од француско – кинеската писателка Шас Са. Сите оние кои би сакале да знаат која била првата кинеска царица?

Родена била за време на династијата Танг во седмиот век. Пораснала на бреговите на реката Лонг, каде ја научила уметноста на скротување  коњи. Нејзината прочуена убавина ја внесела во харемот на императорот каде што живееле 10 000  конкубини.  Ги набљудувала убиствата, заговорите, предавствата, за на крај да стане првата кинеска царица. Ја преживеела  војната, гладот, епидемијата. Ја издигнала кинеската култура до својот врв, опкружена со поети, калиграфи и филозофи. Од најубавата палата на светот управувала со најголемата светска империја.

И го избришале името од светските записи, од спомените. Младата писателка Шан Са успеа да ги отвори вратите на Затворениот град и да ги откри тајните скриени зад ѕидовите на големата палата…Читајте за првата и единствена кинеска кралица!

8. „Господар на мувите“ – Вилијам Голдинг

Книгата е издадена во 1954 година од Нобеловецот Вилијам Голдинг.

Група од неколку млади момчиња се спасуваат на еден мал ненаселен остров после паѓањето на нивниот авион. Таму нема возрасни да ги контролираат и треба да ја слават слободата. Но, наместо тоа тие се обидуваат да создадат свое општество, и не успеваат судрувајќи се лице во лице со теророт, гревот и злото. Како што се зголемува теророт, се намалува желбата за авантура и надежта за спас е сѐ помала. Кога ќе го прочитате овој роман никогаш нема да го заборавите.

9.Робинзон Крусо“ – Даниел Дефо

Ова е една интересна приказна напишана по вистинска случка на англискиот морнар Александар Селкерк кој живеел сам повеќе од четири години на некој тропски остров во близина на Чиле. После многу згоди и незгоди и неколку бродоломи овој морнар со авантуристички дух останува сам на еден пуст острој каде одсекаде доаѓаат разни опасности. Тој дури се сретнува и со човекојадци од кои успева да се спаси и она што воодушевува е што успева да скроти еден од нив. На крај после 28 години успева да се врати во цивилизација! Она што ве влече да ја дочитате до крај книгава е нејзиниот крај на кој никој не се надева!

10.  „Пациентот“- Себастијан Фицек

ПРЕД ЕДНА ГОДИНА: Тил Беркхоф го сака својот син Макс со цело срце. Но и покрај тоа што го чуваат како сопствените очи и постојано го предупредуваат никогаш да не оди со непознати, Макс еден ден оди да игра со другарче и не се враќа дома.

СЕГА: Макс Беркхоф е исчезнат цела година. Само киднаперот знае што се случило со него. Дали е жив или мртов… Но киднаперот сега е во психијатриското крило на затвор со максимално обезбедување и одбива да каже нешто.

Па таткото на Макс нема друг избор, има само еден начин да се стигне до вистината: тој мора да влезе во психијатриското крило на затворот како пациент на тајна мисија. Планот е јасен: нема потреба од насилство, тој сака само признание, последна шанса да си го пронајде синот. Но како и во секоја книга на Фицек, ништо не е така како што изгледа…

11.Сите твои совршености“ -Колин Хувер

Колин Хувер се надминува себеси со моќна приказна за еден разнишан брак и едно старо, речиси заборавено ветување што би можело да го спаси.

На совршената љубов на Квин и Грахам ѝ се заканува нивниот несовршен брак. Спомените, грешките и тајните што се трупале низ годините сега ги влечат на различни страни и уште повеќе ја зголемуваат дистанцата меѓу нив. Единственото нешто што би можело да ги спаси е токму онаа работа што ги има донесено до работ на пропаста.

„Сите твои совршености“ е срцепарателна, емотивна и моќна приказна за пар чија потенцијална иднина се држи на шарките на ветувањата дадени во минатото. Додека без престан ги голтате страниците, ќе се прашувате: Може ли една силна љубов со совршен почеток да живее цел живот меѓу двајца несовршени луѓе?

Ако ви се допадна нејзината „Ова завршува со нас“, тогаш сигурно ќе ве освои и нејзиното најново ремек-дело.

12. „Најсветлото зајдисонце“ – Али Мартинез

На крајот, она што ми даде надеж за ново изгрејсонце беа пет нежни свиленкасти зборови. „Здраво. Јас сум Шарлот Милс“.

Во некој совршен свет, Шарлот Милс и Портер Рис би се запознале и заљубиле во сосема поинакви околности. Но во реалниот свет, ги спојува токму она што засекогаш би можело да ги уништи.

13. „Најмрачното изгрејсонце“ – Али Мартинез

Шарлот Милс е млада докторка воркохоличарка која веќе десет години се дави во темнината што го консумира нејзиниот живот. Десет години, од моментот кога нејзиното шестмесечно синче го киднапираат во парк додека таа се обидува да му го спаси животот на туѓо дете. Шарлот не живее, таа само механички тера ден за ден, работи од утро до мрак, крева раце од секаков приватен живот, не може да поднесе да биде во близина на деца и одбива да се откаже од надежта дека некогаш можеби ќе го пронајде својот син.

Два збора – толку требаше да се изгасне сонцето од моето небо. „Го нема“. Десет години ме консумираше мрак.

На крајот, пет едноставни, длабоки збора беа она што ми даде надеж за ново изгрејсонце. „Здраво. Јас сум Портер Рис“.

Кога го запознава Портер Рис, Шарлот за првпат по десет години добива волја за живот. Но и Портер има своја приказна, своја трагедија и своја темнина… Прашањето е дали тој ќе ѝ помогне конечно да тргне кон светлината или неговата темнина најпосле ќе ги проголта двајцата?

Најмрачното изгрејсонце е прв дел од дуетот The darkest sunrise, а вториот дел, Најсветлото зајдисонце, е веќе во подготовка.

14. „Часови по заборав“ – Нермин Јилдирим

Ако имавте можност да ги избришете миговите од вашите животи од кои се срамите, од мигови што ве растажувале, или се случиле не по ваша желба, колкумина од вас би го избрале овој метод? Но, за да се заборават , првин е потребно да се запомнат. Часовите по заборав ве водат во најдлабоките води на љубовта, мината и сегашна, во бездната на срцето, во непрегледните падини на умот и во бескрајното кралство на мечтите. 

Напишете коментар