Skip to content

Деца на светот

Ние сме деца на светот,
Со нас поубав е денот,
Играме, пееме и се смееме,
Радост насекаде сееме.

Планетата Земја е нашиот дом,
Ги чуваме растенијата и природата,
Подеднакво ги сакаме и малото маче,
Но и најголемиот сом.

Ние сме деца на светот,
Потребни сме сите,
Како што на пчелата
Ѝ треба цветот.

Планетата Земја е нашиот дом,
Им требаме на училиштата,
Како што авионот
Му треба на секој аеродром.

Ние сме деца на светот,
Сакаме да играме на асфалтот,
Да живееме без грижи и мака,
Сакаме секој со секого да се сака!

Наталија Наумовска

Напишете коментар