Skip to content

Иднината чека на тебе

За да продолжиш напред мораш некои работи да ги оставиш во минатото. За да може твоето срце повторно да чука во оној весел ритам, мораш да го ослободиш. Мораш на твојата душа да ѝ дадеш спокој, а на себеси време. Мораш да си дадеш време за заборав, за закрепнување од болката. Дозволено е да плачеш, да размислуваш, да се повлечеш малку во себе, но да победиш над тие сеништа. Мораш да се ослободиш од товарот на твоите плеќи, за да можеш да трчаш во прегратките на иднината. Бидејќи ако не се ослободиш нема да можеш ниту да ползиш, а не пак да трчаш.

Тој товар секогаш ќе те потсетува на твоите грешки, на солзите, загубите. Затоа, за себе ќе го оставиш тој товар. Таа вреќа на нешта кои се случиле, ќа ја оставиш таму каде што припаѓа. Ќе воздивнеш. Од вратот ќе го извадиш тој ѓердан со бисери на болката. Ќе го оставиш и него. Сите чувства ќе ги оставиш таму позади. Сè она што те растажувало. Ќе ги одврзеш синџирите од твоите нозе, ќе ги рашириш крилјата и ќе летнеш во посветлиот дел од твојот живот наречен иднина, она што следува, она што бог го има за тебе.

Ќе мораш да прсечеш еднаш и да не се враќаш во дувлото на минатото. А ќе боли, но ти си посилен од болката. Можеби ќе бидеш исплашен, смртно исплашен, но само продолжи напред. Само продолжи напред… Биди храбар и остави го сето она што те повредува. Ох, ти посакувам без многу солзи да го постигнеш тоа, ох, слобода ти посакувам.

Можеби за да ти се случат убави работи, животот чека да ги оставиш оние кои те болат во минатото. Можеби сè додека не ги тргнеш нив од себеси, ќе тапкаш во место.

Затоа тргни ги, фрли ги во океанот на заборавот. Заслужуваш да бидеш среќен!

 Викторија Саздовска

Напишете коментар