Skip to content

Насмевот на детето – Менче Кадинец

  • by

Гледајќи го својот комодитет, гледајќи ги своите удобности иако возрасни, не сакаме да страдаме, трпиме, измислуваме, иако возрасни се жалиме на своите родители.
И онака во тоа наше опкружување забораваме на децата тагата да ги обземе, да страдаат, да мислат што се случува. Не секоја мајка е мајка и не секој татко е татко.
Погледот на детето видете го. Нема сила што ќе ме натера да не трпам нешто за насмевот на моето дете, бидејќи трагите и страдањата се големи. Ама секој не страда пред тоа, обврските се големи да издигнеш дете, да го насочиш, многу е полесно човек да биде комотен, да си легне рано, да си се одмори. Зошто постојат децата, да ги милуваш, да им помогнеш без возврат да бараш..Живејте за насмевот на детето! Нема цена! Или пак не знаете никого да сакате! Или се полните со омрази зошто некој вака ме погледна, зошто вака ми рече, а детето каде е тоа во Вашиот живот. Немојте да му го уништувате животот уживајќи во своите благодети. Животот ќе тече или нема да тече, а Вие одберете што сакате повеќе себе си или своите деца!

Менче Кадинец

Напишете коментар