Skip to content

Мирисот на старата липа – Благица Бунтеска

  • by

Надвор тивко дувкаше есенско ветре развигорче. Тоа милно ги галеше развеаните коси, на сите млади момчиња и девојчиња кои вечерните средби ги поминуваа под старата миризлива липа. Јас и тој, почесто се среќававме под старата разгранета липа, каде што поминувавме убави младешки моменти. Секогаш бевме расположени, насмеани, среќни и весели. Еден ден после долго време, се сретнавме со мојата сакана другарка Оле.
Со неа се немавме видено подолго време и имавме многу што да си кажеме заедно.
Јас почнав да ѝ раскажувам за мене, таа за себе и нејзината приказна за една вечер и љубовта со саканиот Кико. Но, таа вечер беше посебна од претходните, раскажуваше Оле, бидејќи во себе имаше некое чувство, поразлично од претходните средби кое навистина неможеше да си го опише самата. Оле како и порано, беше убава, тенка и висока, со долга костенлива коса. Оле продолжи да раскажува:
– Времето, како да леташе таа вечер, се стори прилично касно, а јас, знаев дека ќе ме мислат моите дома, зошто закаснив таа вечер? Бев многу одговорна, секогаш кога ќе излезев и навреме се враќав дома. Таа вечер мојата мајка, останала да чека на прозорецот, а во себе си имала некое претчувство, да не случајно заминам кај Кико. Во исто време, јас си велев:
– Како ќе си одам дома толку касно, што ќе речам и како ќе ги излажам, каде сум била и со кого? На крај, јас се смислив ќе кажам дека бев на состанок за договор и организација на училишните смотри кои ќе се одржуваат во најскоро време. Така беше во минатото, строги родители, порано да излезеш, ама и порано да се вратиш. Подолго задржување можеше да се случи само во празничните денови. Таа студена ноемвриска вечер, ми раскажуваше, Оле нема да ја заборавам и ако студено ние под старата миризлива липа не осеќавме никаков студ. Можеби љубовта не грееше длабоко во нашите срца, не знам што беше? Можеби љубовта! Одеднаш младиот, строен и висок и моја љубов, Кико на Оле ѝ рекол: – Јас сакам вечерва да бидеш моја , за секогаш, ќе одиме дома кај моите. Тие те сакаат за нивна снаа, раскажуваше Оле, за нејзината некогашна интересна приказна. Така и направивме, заминавме кај неговите, касно во ноќта. Големо изненадување им направивме на неговите. Јас, вели Оле, со Кико видно преплашени од нашата случка и одлука, што дојдовме така касно и што ќе речат во тој момент, неговите? За среќа наша, неговите нè пречекаа со голема радост во нивниот, а сега и мој дом, во многу топла домашна атмосвера. Оле, ми раскажуваше:
– Јас тогаш млада девојка одма се сплотив со сите во семејството, како да сонував, како да дојдов кај мои најблиски роднини, пријатели и ќе бидам кратко тука и ќе заминам. Но не беше така. Старата миризлива липа нè испрати со среќа и Божја благослов и двајцата, во домот на моето момче и ќе бидам негова идна сопруга, си помислив самата јас и средбите под миризливата липа веќе ќе престанат. Старата липа повеќе нема да нè очекува, знае дека нашата заедничка љубов ќе биде крунисана со среќен и долгогодишен брак. Но, под миризлива липа, ќе продолжат да доаѓаат други млади девојки со нивната љубов како јас и мојата љубов Кико. И тие еден убав ден ќе запливаат во среќни брачни води, со мали дечиња, ќе бидат едно прекрасно среќно семејство како и ние. Миризливата липа ќе цвета и шири мирис насекаде од преголема радост.

Благица Бунтеска

Напишете коментар