Skip to content

Бајка – Радован Павловски

Радован Павловски е македонски автор со плодно творештво. За него се рекло дека е најпреведуван македонски автор. Посебни поетски книги му се објавени на повеќе јазици: англиски (две), француски, шведски, руски, чешки, романски, турски (три), српски (десет), словенечки и албански јазик. Тој е добитник на наградите: „Браќа Миладиновци“, „11 Октомври“, „Кочо Рацин“, „Повелба на печалбарите“, „Гоцева повелба“, „Ацо Шопов“, на странските награди: „Младост“, „Златна струна“, „24 Дисова пролет“, „Ристо Ратковиќ“, стихозбирката „Зрна“ е прогласена за најдобра книга од Југословенската радио телевизија (ЈРТ, 1975), ракописот „Пир“ е награден за неговите високи уметнички вредности (Хрватска, 1972).

Добитник е на светското признание за животно дело АБН-САД (1998), во Тринаесетата едиција на меѓународното издание „Кој е кој меѓу интелектуалците“ (1999) на Меѓународниот биографски центар (Кембриџ, Англија) се објавени неговата биографија и библиографија. Неговата поезија е застапена во голем број антологии на македонската поезија.

Денес ја избравме оваа негова песна со наслов Бајка

На средпат ќе те сретне девојка
што покрала сонце и месечина
и живо сребро во гердан врзала

Таа е само слика на твојот
наоблачен сон
што на далечен пат
црвено јаболко

Ако сред луња
се сретнеш со птица певица
ти ќе дознаеш:
Твоето село
го метат молњи.

Од јајцето на смртта-
живот се испилува.

Твоето село
со птица патува
и има
камени крила.

Напишете коментар