Skip to content

Последната јаготка – Александар Кујунџиски

Сега е најубавата сезона – онаа на јаготките. А првата и последната се највуксни нели?

Од сите јаготки-

Секој така вели –

Прва и последна

Најслатки се, нели?

Ја чекав да цути,

Да расте, да зрее.

„Ќе засладам уста!“

Устето ми пее.

Ама, што се случи?

Леле што ќе биде?!

Полжав некој стрвен –

Пред мене ја видел.

И ја јадел, јадел,

Си јадел од неа..

Тоа што ми го чувал –

Само е за смеа.

Напишете коментар