Skip to content

Песна за деца: „Животот е еден“ – Наталија Наумовска

Споделувам една кратка песна за деца, наменета за најмалите и најмилите!

Животот е наше најголемо богатство,
ние во него го градиме нашето царство.
Другаруваме, учиме и се смееме,
кажуваме приказни, басни и песни пееме.
Животот да се сака треба,
тој треба да е една весела врева,
животот не е шега,
тој се случува овде и сега.
Животот е наш најскапоцен дар,
Заедно со луѓето оди во пар.
Што е животот ако не е игра,
човек кој силно гравитира,
по Земјината топка,
или срце кое секогаш
е спремно да заигра.
Животот е еден,
никогаш не заборавајте
колку е тој вреден.
Не дозволувајте да ви биде беден,
ниту безвреден и апсурден.
Животот е еден,
живејте од ден за ден!

Напишете коментар