Skip to content

Наша судбина – Маја Д. Малиновска

Ги кршат буквите со острината на меч кој нема запци
И сакат да го земат она што се скрило во
Историјата
И мастилата не биле во рацете
Да се излеат во крв
Која останала облеана на земјата
Не ја почуствувала белината на хартијата
Само песната ја искажува нашата мака
Која трае довека
Само песната остана да трае
Без да може да ја земат
Без да може да ја разнебитат
Силината на зборовите
Твојата големина
Зошто ти си
Писмото на светите апостоли
Светите браќа Кирил и Методиј
Ти си столбот
На опстанокот и животот на
Народот кој се бори
За својата судбина.

Напишете коментар