Skip to content

Среќен Ден на македонскиот јазик!

Честит нека е Денот на македонскиот јазик! Истиот е прогласен во чест на 5 мај 1945 година кога Народната влада на Народна Република Македонија ја усвоила азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо. Денешниот ден е прогласен за „Ден на македонскиот јазик“ на 130-тата седница на владата, одржана на 16 април 2019 година.

Јазикот како жива материја и правопис како збир на праила за псмено изразување на самиот јазик

Јазикот е жива материја, во која се рефлектира секоја нова појава од севкупното човеково живеење, а правописот на секој јазик е збир на правила за писмено претставување на самиот јазик.

Македонскиот јазик е мајчиниот јазик на Македонците, службен јазик во Република Македонија и малцински, службен јазик во Албанија. Јазикот го зборуваат над 3 милиони луѓе во Македонија, Грција, Бугарија, Албанија и во македонската дијаспора. Јазикот според лингвистичката категорија му припаѓа на индоевропското семејство во групата на словенските јазици.
Македонската азбука е официјално и единствено писмо на македонскиот јазик, со кое на македонски јазик се напишани и објавени илјадници книги што се читаат од Македонците, но и од припадници на другите нации кај нас и по светот.

На почетокот на XX век (1903 г.) е направена првата стандардизација на македонскиот писмен јазик од страна на К. Мисирков, така што може да се каже дека периодот од XVI до XX век. претставува претстандарден период на македонскиот писмен јазик, додека периодот од почетокот на XX век до денес, претставува стандарден период. Стандардизацијата на македонскиот писмен јазик е претставена во книгата на Крсте Мисирков, под наслов ,,За македонските работи” издадена во Софија во 1903 г.

Формирање на Крушевска Република и почеток на современаа македонска државност

Ова е времето непосредно по Илинденското востание (2 август 1903 г.) што избувнува речиси низ цела Македонија. Тогаш во градот Крушево се формира Крушевската Република со што се означува почетокот на современата македонска државност. Книгата на Мисирков е составена од пет поглавја и во неа е предадена македонската национална програма. Тоа значи дека во овие пет поглавја се зборува за политичките, економските, културните и јазичните пресуслови за формирање на современата македонска нација.

Блаже Конески е значјана фигура на македонскиот 20 век. Тој е еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик. Конески активно се вклучува во стандардизирањето на македонскиот јазик и ја изработува граматиката на современиот македонски јазик. Го составил и правописот на македонскиот литературен јазик, а исто така бил уредник на „Речникот на македонскиот јазик“. Конески е основач на студиите по македонистика на Скопскиот универзитет. Во периодот од 1958 до 1963 бил ректор на универзитетот. Споделуваме една негова песна, посветена на зборот:

„Зборот“ – Блаже Конески

Од секогаш сум мислел за излишноста на зборот,
дека најмалку го трога тој онега што му е упатен – од каде тогаш таа потреба
да се искажуваме дури со ритам и рима, дури со алитерации?
Тука види ја сега бесмислеиоста на земните извори:
било на ќуќур, било на вода, било на грлен извик.
Тоа е порив, и за смисла не прашува!

На следниов линк во pdf формат можете да го симнете правописот од 1950 г. кој го напишале Блаже Конески и Крум Тошев.

На овој линк можете да пристапите до второто издание (2017) од правописот на македонскиот јазик, и истиот да го преземете. (Бесплатната електронска верзија на Правописот на македонски јазик е достапна исклучиво за некомерцијални потреби. Копирање, размножување и продавање е строго забрането.)

„Јазикот е наша татковина“, рекол Блаже Конески, оставајќи ни трајна порака за негово зачувување, негување и унапредување како еден од столбовите на нашиот идентитет. Нас ни останува да го сакаме, да го зборуваме, да го негуваме и да го чуваме нашиот македонски јазик, како едно обележје, или аманет оставен од сите поборници за создавање, и постоење на јазикот. Тие ја имале потешката задача, а наша денешна задача навидум малку полесна, е да не дозволиме никогаш да не го загубиме идентитетот, а со тоа и јазикот. Честит Денот на македонскиот јазик! Да се одбележува уште долги години.

Напишете коментар