Skip to content

Небесни ѕвезди – Маја Д. Малиновска

Скриени во големите жолтеникави куќи
Го слушавме звукот на локомотивата
И знаевме каде оди
Но не признававме дека се заминати
Пријателите од нашите раце
Кои ги прегрнувавме немо во ноќта
Кои носеа ѕвезда на траките
И станаа ѕвезди на небото
Кои можевме да ги гледавме во темнините на ноќта
А заминаа рано
На разденување
Сега, сега
Ни светкаат на перницата на која спиеме
И раскажуваме легенди
За кои некои никогаш не слушнале
Остануваат да бидат опеани
Само со нашите усни
Со нашите исушени грла
И кој ли може да го врати времето
За да се вратите
Во нашите прегратки
Каде сте само неоживеана сенка.

Напишете коментар