Skip to content

Љубовна – Софија Петковска

  • by

Кога во очите твои,

мојот универзум се гледа,

а во моите твојот,

небаре в огледало се ѕвериме ,

тоа љубов е.

Кога се вдишуваме,

за мирисот на едниот да му даде живот на другиот,

а притоа без здив остануваме,

тоа љубов е.

Кога зборовите мои

ги везат со свилен конец желбите твои,

тоа љубов е.

Кога мислите твои ја воскреснуваат душата моја,

тоа љубов е.

Кога едниот ќе почувствува болка,

страв, јад и чемер,

а другиот силно ќе не прегрне дур коските
не ни крцнале,

онака како кога крцка стар под во дрвена колиба,

а притоа се почувствуваме силни ко Бог

и мирни ко море на утрински зраци,

тоа љубов е.

Кога моето присуство целосен те прави,

а твоето отсуство не ми дозволува сложувалката да ја наредам,

тоа љубов е.

Кога твоето хоби ја заскокоткува мојата имагинација,

а моето хоби ти дава идеи за растење и развивање,

тоа љубов е.

Љубовта не е скината
како дупче на чорап,

како искинат лист од весник.

Љубовта не е празнина како страница на книга која недостига.

Љубовта не е злобна и превртлива.

Љубовта не е болна опсесија.

Љубовта не е откажување.

Љубовта не е инаетлива, насилна.

Љубовта не е лага, гордост и измама.

Љубовта не е егоистична.

Љубовта е длабочината на морето со сите свои убавини во него.

Љубовта е бајка.

Знаеш, онаа убавата од Андерсен.

Љубовта е нежна..

Нежна ко пердув на ангел,

Таа е чиста енергија.

Љубов е она што за себеси си го помислуваш,

а среќен те прави.

Љубовта е живот.

Животот е љубов.

А јас верувам во љубовта.

Автор: Софија Петковска

Напишете коментар