Skip to content

Оган во срцето – Никола Миланоски

  • by

Со една искра
од погледот
со очите твои
оган се разгори во срцево
и не стивнува
се разгорува сè повеќе и повеќе
воздивнувам
сакам да верувам во чуда
можеби ти невозможната
да станеш реалност,
занес
во сон
за едно време
мислата твоја кон мене да крене
и тој оганот во срцево
да го видиш во погледите
што кај многу ги бараше
но немаа таква топлина,
верба
некогаш и некаде
да ги отворам очите
и да видам како ме гледаш
со ист поглед како моите.

12.04.2020

Напишете коментар