Skip to content

8-те животни вистини од Лао-це: „Бидете она што сте!“

Ви треба мотивација за почеток на работната недела? Или можеби пак сакате да прочитате нешто што ќе ви го подигне духот? Која и да е причината поради која вие токму сега го отворите овој текст, сакаме да ви кажеме дека сте на вистински пат. Вие сакате да се разберете подобро себеси, се обидувате да ги разберете другите, а и проникнувате во подлабоките делчиња од „спектарот“ на непознатото и невидливото.
Ништо не е случјано, дури ни ова сега што го читате во моментов.
Продолжете да „пливате“ во водите на себеспознавањето, aво продолжение прочитајте што подготвивме во оваа статија.

Лао-це е еден од најпознатите кинески филозофи и од него можат да се научат многу просветлувачки животни лекции. Тој е автор на делата „ Тао Те Чинг“ и основач на таоизмот. Работел како архивар во царската библиотека на династијата Џоу во Луојанг, тогашан престолнина на Кина. 

Стражарот на најзападната порта на државата Чин го замолил да го запише своето учење пред да замине во пустината. Лао-це го послушал и така настанало делото Тао Те Чинг  („Книга за патот и доблеста“). Се смета дека делото го напишал за три дена, а потоа отишол во пустината по што за него ништо не се чуло.
Тој бил централна фигура во Кина со векови, а сега ќе дознаете и зошто.

Во продолжение следуваат неговите 8 животни вистини.

1. „Веќе поседувате одговор на сите животни прашања“

„Во средиштето на вашето битие лежи одговорот на сите прашања: знаете кои сте и што сакате“. „Да се познаваат другите е знак на интелигенција, познавајќи се себе е знак на вистинска мудрост. Владеењето со другите е сила, владеењето со себе е вистинска моќ“.
„Кога ќе се ослободам од она што сум, станувам она што би можел да бидам“.

2. „Кога ќе се препуштите, тогаш се ослободувате“

„Ако сакате да станете целина, дозволете си себеси да бидете нецелосни. Ако сакате да бидете праведни, дозволете си себеси да бидете виновни. Ако сакате да бидете исполнети, дозволете си себеси да бидете празни. Ако сакате повторно да се родите, дозволете си себеси да умрете“.

„Имате ли доволно трпение да почекате тињата да слегне и водата да се разбистри? Можете ли да не се помрднете додека вистинскиот чекор не се направи сам од себе?“

3. „Вашето его никогаш нема да ви донесе вистинска среќа“

„Оној што се дефинира себе никогаш нема да знае всушност кој е“.

„Оној кој има моќ над другите нема моќ над себе“.

„Оној кој се обидува да заблеска ја пригушува сопствената светлина“.

4. „Злото умира кога ќе биде игнорирано“

„Не давајте му на злото ништо што би можело да се насочи, и тоа ќе исчезне само од себе“.

5. „Добрината секогаш победува. Злото секогаш губи“

„Од добрите зборови произлегува доверба. Од добрите мисли произлегува продуховеност. Од добрината на давањето произлегува љубовта“.

„Кога некој е длабоко сакан тоа дава сила, а кога се сака некого длабоко, тоа дава храброст“.

6. „Бидете она што сте“

„Ако ви е дојдено до озборување на другите, вие сте нивен заробеник“.

„Ако сте задоволни со она што сте без натпреварување и споредување со другите, сите ќе ве почитуваат“.

7. „Бидете скромни и ќе станете мудри“

„Мудриот човек е оној кој знае колку не знае“.

„Сè што тече, на крајот се влева во морето бидејќи тоа се наоѓа на помала висина. Неговата моќ е во неговата понизност“.

8. „Промената е неизбежна – прегрнете ја“

„Ако сфатите дека сè е подложно на промена нема да се обидувате цврсто да се држите за било што. Ако не се плашите од умирање, нема нешто што не можете да го постигнете“.

„Новите почетоци се често претворени во болни завршетоци“.

Напишете коментар