Skip to content

На денешен ден е роден Бертранд Расел: „Убавиот живот е мотивиран од љубовта и воден од разумот“

Бертранд Расел (18 мај 1872 – 2 февруари 1970), англиски филозоф, кој бил активен во разни области од научната, филозофска и општо културната дејност. Студирал математика и физика во Кембриџ. Во 1950 година ја добил Нобеловата награда за литература поради „неговите значајни дела во кои ги промовира хуманистичките начела и слободата на мислата“.

Бил на чело на антинуклеарното движење во Британија и претседател на Судот за утврдување на воените злосторства во Виетнам. Го одбивал секое авторитарно наметнување на идеали и ставови, секогаш гледајќи критички на работите. Расел бил голем противник на Првата светска војна, потоа остро се спротивставувал на Сталинистичкиот режим и американскиот империјализам, а цело време бил и против организираните религии тврдејќи дека нивните догми носат повеќе штета во животот отколку корист.

Уште во млади години се заинтересирал за математиката и математичката филозофија. Во таа смисла тој ја пишува едната од своите најрани работи која се однесува за Лајбниповата филозофија. Потоа тој е привлечен од работите на Пеано и неговата школа собрана околу математичките формулари, кој се интересираше за основите на математиката и изработи погоден симболизам за нивното изразување.

Со вас споделуваме неколку негови цитати во негова чест кои се однесуваат на неговите сфаќања за животот.

1. „Убавиот живот е мотивиран од љубовта и воден од разумот.“

2. „Здраво е одвреме-навреме да си поставите прашања за работите кои долго време сте ги земале здраво за готово.“

3. „Од сите форми на претпазливост, претпазливоста во љубовта веројатно е најфатална по вистинската среќа.“

4. „Вистинската дисциплина не бара надворешна принуда, туку е содржана во навиките кои спонтано водат кон пожелни, наместо кон непожелни активности.“

5. „Религиите кои ги осудуваат задоволствата го тераат човекот да посегне по задоволството од моќта. Низ историјата моќта била порок на аскетите.“

6. „Не плаши се да имаш ексцентрично мислење, секое мислење кое денес е општоприфатено некогаш било ексцентрично.“

7. „Луѓето кои ги прифаќаат општоприфатените правила збеснуваат кога некој се оддалечува од тие правила, најмногу затоа што тоа оддалечување го гледаат како критика за нив лично.“

8. „Слободата ги стигнува само оние кои престануваат од животот да го бараат она што одредена доба од животот треба да им го донесе.“

9. „Животот без авантура веројатно нема да биде полн со задоволство, но животот во кој на авантурата ѝ е дозволено да се појави во каква било форма сигурно ќе биде краток.“

10. „Стравот е главниот извор на суеверијата и еден од главните извори на суровост. Победата над стравот е почетокот на мудроста.“

11. „Разбирањето на неважноста на времето е патот кон мудроста.“

12. „Основната мана на татковците во нашето натпреварувачко општество е тоа што сакаат нивните деца да им носат углед.“

13. „Многумина кога ќе се вљубат бараат мало парче рај за бегство од светот каде што можат да бидат обожувани кога не го заслужуваат тоа и да бидат пофалени кога не се за фалење.“

14. „Да имаше на светов огромен број луѓе кои повеќе копнеат по сопствената среќа отколку за туѓата несреќа, за неколку години би живееле во рај.“

15. „Времето кое го губиш во уживање не е изгубено време.“

16. „Да се плашиш од љубовта значи дека се плашиш од животот, а оние кои се плашат од животот веќе се 75% мртви.“

17. „Никогаш не би умрел за моите уверувања затоа што може да испаднат погрешни.“

18. „За жените бракот е највообичаениот начин на живот, па вкупното количество на непожелен секс кое го трпат додека се во брак е веројатно поголемо отколку кај проститутките.“

19. „Проблемот со овој свет е во тоа што глупавите се самоуверени, а интелигентните се полни со сомнеж.“

20. „Тајната за среќа е ова: проширете ги вашите интереси најмногу што можете и дозволете си на работите и личностите кои ве интересираат да реагирате најпријателски што можете.“

Напишете коментар