Skip to content

После разделба – Десанка Максимовиќ

Кажи ми сега, кога завршено е сѐ:
часојте мачни и денојте убај, милни
кога новата на старата болка се смее;
кога мојава душа од твојте зборој нема трепет
кажи ми дали мојта
тага болка ти нанела
некогаш, кога многу,
многу сум те љубела?
Кажи ми сега, кога не ме љубиш веќе,
Кога новата на старата се потсмева среќа;
И на деновите минати наши
На кои, душата само твоја, кога ќе ме видиш се потсетува
Кажи, дали мојата
Радост болка ти нанела, 
Некогаш , кога повеќе
Не сум те љубела?
Некогаш кога бев добра и млада
И поверлива и полна надеж,
Некогаш порано,
Тогаш можеше
Бескрајно многу, ох колку многу
Со два –три збора сѐ да ми кажеш.
Спокојни беа деновите мои,
А ти  беше прв кој
На срце ми беше драг,
И  сѐ она што ми го рече,
Понекогаш строго, понекогаш благо,
Остави длабока траг.
Спокојни беа деновите мои,
Сега срцето ми чука бавно:
Помал е мојот плам и од порано
Повеќе знам
Сега веќе не би можел
толку доволно, толку многу
само со два-три збора сѐ да ми кажеш.
И ако денес ми пријдеш
И сакаш да ме заведеш со стариот
Шарм кој одамна возбуда ми дари
Некој ќе ми шепне во мојто срце:
Дeка сè што некогаш си ми го кажал
Сѐ било лага, сите твои чари.
Ох, само кога би знаел само како се чувствувам
Што повеќе нема да можам
Ни во пролетта кога тревата зазеленува
И кога цути во лето,
Да ти дојдам приквечерина кога тагата расте.
Ох, само кога би знаел како ѝ е на мојава душа
Кога умираат последните дрвја,
А последните лисја таговно пеат
Што нема да може како порано
Да ти ги кажам сите мои есенски таги.
Ох, само кога би знаел што срцето крие
Кога окото залудно бара.
Ох, само кога би знаел колку е здодевен,
Безбоен и нема драж
Секој ден кога не сум те видела јас.

Превод од српски јазик: Маја Дојчинова Малиновска

Напишете коментар