Skip to content

4 песни од Никола Миланоски

  • by

Прочитајте ги во продолжение следниве песни од младиот поет Никола Миланоски.

„Зошто…“

Зошто ми го спомнуваат твоето име
кога далечини од срце до срце броиме,
кога судбината среќен крај на мојата љубов не ѝ скроила
па душава со убавината твоја не се успокоила.

Зошто толку очајно во срцево за тебе љубов гори
кога во твоето ниту искра не може да се разгори,
ниту еден збор мил усна не може за мене да ти изговори
и тажен лик љубовта за тебе лик ми претвори.

Зошто срцето со огромни ѕидини го затвори
да не влезам во него – од жал срце да ми изгори,
зошто вака ниско ме собори
и од солзи очи ми измори.

19.05.2020

„Дојди“

Дојди разголи си ја душата пред мене
таа горделивост од тебе нека се раскрене,
тргни го тој лик на надменост и важност
љубовта нека ни постане заемност.
Боите на животот нека не ни бидат еднобојност
нека расцвета твојата убавина со опојност,
тргни ја таа до тебе непробојност
врати ми на љубовта направи ми спокојност.
Нека ми престане оваа во очај зафрленост
и желба за живот намаленост,
секој ден ако не си ти е бесмисленост
дојди однеси ме во возвишеност.

20.5.2020

„Недостигање“

Ми недостига уште еден твој збор да слушнам
да ти ја грабнам убавината и силно да ја гушнам,
да ја исполнам празнинава во душава
и да ја погалам твојата коса бушава.
Ми фали сласта на твоите усни
кои ете не ми биле мене судбоносни,
тоа лице твое повторно да го погалам
и како мало дете да се разгалам.
Ниту времето не може да се преброи
твоето фалење во секој миг се состои,
љубовта за тебе ќе опстои
никој како тебе не ќе ме освои.

20.5.2020

„Најмила“

Длабоко во себе само тебе те посакувам
некогаш дури и во сон името твое го извикувам,
за миг со убавината ти ме восхити
насмевка на ликот ми закити.
Можеби е лудост што љубов за тебе ми се роди
но по патот до твоето срце и бури ќе се преброди,
огромна празнина ќе чувствувам јас во себе
ако милувањето не го добијам од тебе.
Ќе исчезнам таму во длабочините на тагата
копнеејќи за тебе – за најдрагата,
љубовта за тебе вечно во мене ќе трае
можеби искреното во мене душата твоја некогаш ќе го препознае.

20.5.2020

Напишете коментар