Skip to content

Конкурс на тема „Едно наше лето“

Уште еден распишан конкурс на тема „Едно наше лето“. Право на учество имаат сите. Конкурсот е од МЕЃУНАРОДЕН КАРАКТЕР и трае до 10 ти јуни 2020-та година. Испратените авторски трудови треба да ја опфатат темата содржана во насловот од конкурсот – „Едно наше лето“.

Расказите и испратените песни да не бидат подолги од 2 страни А4 формат. Се замолуваат сите учесници да го наведат своето име со точни податоци бидејки искуството од поранешните конкурси говори за присуство на одредени недоследности кои нема веќе да се толерираат. Секој текст кој надминува 2 стр. А 4 формат ќе биде исклучен, како и текстовите кои обработуваат сосема друга тема и оние текстови на кои стои име на две лица без назнака на испракач и автор. За да се одбегнат недоразбирања ве молам за точност и прецизност, назнака на ваш телефонски број, доследност во должината на текстот. Не испраќајте повеќе од 1 расказ ниту цели збирки поезија. Најдобрите текстови ќе земат учество во меѓународна антологија – ЕДНО НАШЕ ЛЕТО.

Двајца најдобри автори ќе добијат награда – печатење на поезија или проза (по нивни избор) во тираж од 100 примероци. Ќе бидат доделени и други награди. За учество на нонкурсот, учесниците треба да уплатат котизација во износ од 300 денари на сметка која дополнително ќе биде објавена. За евентуални дополнителни информации контакти на телефон или месинџер кај организаторката. (Текстот ќе биде подложен на едит за дополнување на информациите)

Напишете коментар