Skip to content

Скромен дар – Маја Малиновска

Прими го мојот скромен дар
Што ти го давам без да имаш почит
Само неколку капки радост
Што во срцево се точат
Спомни си за мојата нарав
Која толку многу ја рониш
Немој толку многу да ме презираш
Знам дека скришно ме гониш,
Кога се будиш спомни си на мојата молба
Да те видам само за миг
И бакни ја Месечината
Во неа го има мојот лик.

Напишете коментар