Skip to content

Шареното маче

Кратка, но слатка песничка за деца од најмала возраст. Песничка за едно миленичие-маче кое Вера го чувала во својот дом. 

Шареното маче

Си беше едно мало маче

И тоа почне да плаче,

Што ли му е се праша Вера,

таа само што го вдоми вчера.

Му даде да се напие млако млекце,

И го легна во неговото креветче,

По мекото крзно го погали

И едвај чекаше со него да се фали.

Јас имам најубаво шарено маче,

Сакаше на сите да им рече.

Малата Вера се израдува кога тоа заспа

И почна да си ја чита нејзината басна.

Ќе си легнам да спијам и јас сега,

Си помисли таа,

Моето шарено маче сега нема кај да бега.

Наталија Наумовска

Напишете коментар