Skip to content

Љубовна бројка

Стануваме здравствен код

Бројка од неинфицирани луѓе

Бројка од дезинфицирани луѓе

Бројка од инфицирани луѓе

Ставена во клауд

Нова апликација

На која сите сме во далечина

Од два метри

И сите сме облаци вмрежани во мрежа

Со онлајн прашања

Но не знаеме дали одговорот е точен

Зошто бројките лесно се менуваат

И денес сме повеќе, утре сме помалку

Но остануваме да бидеме луѓе,

Кои иако далечни

Остануваат да бидат блиски,

Во потрагата по љубов

И никој не може да ни го одземе правото

Да светнеме со поглед

И да смениме лик

Кога ќе се појави љубовта

Во нејзиниот најубав облик!

Напишете коментар