Skip to content

Spiritus simul

“Не можам да дишам“,

ме загушува маската што ја носам

во неправди светот се загуши,

но, на неправдите не смее да се замелуши,

“не можам да дишам“,

ме отруја злоделата и злобата,

во воздухот струи невидлив непријател,

ќе го избркаме ако се сплотиме,

Spiritus simul.

Ми недостига чист зрак,

доста е при светло на очи мрак,

ми недостига светол патоказ,

дека ќе се врати животот – доказ.

Spiritus simul

да дишеме како едно,

ритамот на чекорите да ги усогласиме,

од стравотната беда да се спасиме,

оти сечие срцебиење е вредно!

Spiritus simul,

не сакаме преку маски да дишеме,

ниту за воздух да молиме,

ако треба за воздух со живот да се плати,

оваа Земја на сите ќе ни наплаќа рати,

човекот што се бори за воздух ужасно пати,

судбината на еден на улица му се запечати,

неговото име светот нема да го заборави!

Spiritus simul,

не го наплаќајте воздухот,

тој остана единствено нешто

за кое не смееме да дозволме да се бориме,

оти текот треба да му е природен,

како реката што тече по утоката,

како дождот што паѓа од облаците,

потребен ни е свеж и чист!

“Не можам да дишам“,

ме удавија вашите валкани мисли,

не сакам веќе ни збор да чујам,

моите погледи се јасни,

нема зошто да ги кријам.

Spiritus simul,

дишете, додека не почнале

и воздухот да ни го наплаќаат!

Наталија Наумовска

Напишете коментар