Skip to content

Литературен конкурс: ,,Охридски бисер на поезијата“ за 2020 година

Петта манифестација по ред. Во организација на поетесата и писателка Милица Паулус.

Конкурсот е отворен од 04 јуни до 20 јуни 2020 година.

1. Може да се учествува само со по една поетска творба- не подолга од 25 стихови.

2. По ваш избор- на една од наведените теми:

– Убавините на Охрид
– Одмор во Охрид
– Сеќавање на една убава случка во Охрид
– Една љубов во Охрид
– Сонце, вода и духовен мир во Охрид

3. За доделувањето на наградите ќе се потруди стручна-жири комисија!

4. Ќе се доделуваат следните награди:

– Поет на годината

– Најголема награда- Охридски бисер на поезијата

– Убав стил на пишување

– Неколку= прва, втора и трета награда

– Најдобра лирска поетска творба

– Најдобра тематска поетска творба

– Гран при

– Златна плакета

– Сребрена плакета

– За севкупно творештво

– Останатите- признанија за добра поетска творба

5. Поетските творби треба да се испратат на месинџер кај Милица Паулус!

6. Поетските творби и имињата на учесниците треба да бидат напишани на кирилица- ова важи само за домашните автори!

7. Поради ситуацијата со корона- Манифестацијата нема да се одржи оваа година и ќе бидат доставени електронски дипломи.

8. Дипломите ќе бидат објавени на Фб профилот на Милица Паулус.

Линк кој води до официјалната објава.

Напишете коментар