Skip to content

Интересни факти за Џ. К. Рoулинг

Интересни факти за Џ.К. Роулинг кои накратко зборуваат за нејзиниот живот, почетоците во пишувањето и нејзината борба. Можеби дел од нив не сте ги знаеле, но тие се вистина за оваа светски позната авторка. Прочитајте ги во продолжение. 

Издавачот ѝ предложил да не го открива нејзиното вистинско име

Иако пишува под името „Џ. К. Рoулинг“ , нејзиното име кога се издаде првата книга Хари Потер беше едноставно „Џоан Рoулинг“. Пред да ја издаде нејзината прва книга, нејзиниот издавач Bloomsbury се плашел дека младите машки купувачи нема да сакаат да ја купуваат книгата знаејќи дека е напишана од женски автор. Тој  ѝ предложил на Рoулинг да користи два иницијали, наместо да го открива нејзиното вистинско име. Џоан бидејќи немала средно име, ја одбрала буквата „К“ како Кетлин за својот втор иницијал, од нејзината татковска баба. Името Кетлин никогаш не било дел од нејзиното вистинско име. По нејзиниот брак, таа понекогаш го користи името Џоан Мареј кога е потребно за приватни потреби. Таа самата себеси се вика „Џо“ и има изјавено, „Никој не ме нарекол ‘Џоан’ кога бев мала, освен ако не беа лути.

Во една деценија снимени се 5 филмови според нејзините романи за „Хари Потер“

Но што и да велат, факт е дека Џ.К.Роулинг го исполнила договорот со издавачката куќа „Блумсбери“ – напишала (дури) 7 романи за животот на симпатичното момченце-волшебник. Освен тоа, за 10-тина години, снимени се и 5 филмови според нејзините романи, а таа стана најчитан писател на светот. Нејзините дела се преведени на повеќе од 60 јазици, вклучувајќи ги и латинскиот и старогрчкиот.

Таа заработува по 600 долари за секој пишан збор

Му направила голема услуга на човештвото – по многу време, децата посакаа наместо со видео-игри времето да го поминуваат дружејќи се со книгите. Жената, пак, која го измисли Хари Потер, по богатството зад себе ја остави и сонародничката, англиската кралица: денес заработува по 600 долари за секој пишан збор.

Почнала да пишува кога страдала од депресија

Таа почнала да пишува поради депресија. Животот пред Хари Потер бил многу далеку од совршенство за неа. Во 1993 година таа се развела од својот сопруг Хорхе, со кој живеела во Португалија. Ролинг страдала од клиничка депресија.

Живеела од социјална помош заедно со ќерка ѝ, почнла да пишува бидејќи немала што да изгуби

Таа има и ќерка Џесика Изабеал и немала доволно средства за да се грижи за неа. Во тоа време се пријавила и почнала да живее од социјална помош. Почнала да пишува и за авантурите на волшебникот, бидејќи сепак немала што да изгуби.

Нејзината книга ја одбиле дури 12 издавачки куќи

И покрај тоа што нејзината книга ја одбиле дури 12 издавачки куќи, сепак на крајот ‘Bloomsbury’ ја објавиле нејзината книга.

Па? Животот сепак дава повеќе од една шанса…

Напишете коментар