Skip to content

Промени се – Снежана Паноска

  • by

Се промени – ми велиш. Не знаеш колку. Јас повеќе не можам да те препознаам . Ти не знаеш како изгледаш. Ти, која секогаш беше наша потпора, Ти која за сè имаше решение. Ти, која простуваше, сослушуваше, советуваше. Каде си Ти ? Која си Ти ? Не можам да те препознаам . Ти не си Ти. Ти повеќе не си моето пристаниште . Не си мојот брод за спас. Ти треба нов лекар , нови лекови, оди смени ги, промени нешто!!! Само врати ми се пак, врати ни се пак истата, те молам, навистина те молам.  (Ме повредуваш, со тие зборови, ме болат, ме боцкаат како студени мранѕули во зима. Ама вистина е, а тоа толку ме боли…).

Автор: Снежана Паноска

Напишете коментар