Skip to content

Блез Паскал – христијанскиот филозоф и математичар кој нѐ учи да веруваме во Бога

Блез Паскал е роден во Клермон Феран во 1623 година на 19 јуни. Лани се славеа 397 години од неговото раѓање. Тој бил син на раководителот на Управата за ревизија  во Оверњ- Етиен Паскал. Татко му не го праќа на училиште, туку наместо тоа самиот се грижи за неговото образование.  Паскал бил генијално дете, чудо од дете, вистински вундеркинд. Знаел  да чита и да пишува на четиригодишна возраст. Постојано читал и  покажува особена заинтересираност за геометриските форми и постојано бара од  неговиот татко повеќе информации за нив.

Најпосле, што е човекот во природа? Ништо во однос на бесконечноста, сè во однос на ништото. Централна точка помеѓу сето, ништото и бесконечноста – а тоа е премногу далечно за да се разбере.

Ова е само една од околу 1000-тите мисли на еден од моите омилени филозофски писатели Блез Паскал, од неговото филозофско дело „Мисли“ во кое тој застанува во одбрана на христијанската религија. За него човекот е само едно осамено битие кое опстојува во светот без Божја милост. Тој е истовремено и велечествен и мизерен, неспособен да стигне до вистината, да го достигне врвното добро кон кое се стреми.

Паскалова опклада

Само религијата може, но не и филозофијата да ги разбере овие противречности, затоа треба да биде „почитувана и сакана“. За оние кои не веруваат и се скептични во Бога, Паскал ја направил својата теорија за верба во Бога, наречена Паскалова опклада:

Ако Бог не постои, скептикот не губи ништо верувајќи во него; но ако тој постои, скептикот добива вечен живот верувајќи во него.

Односно, неговата опклада е еден аналитички процес со кој едно лице може да ја процени вредноста на верувањето во Бог. Паскал, според тоа, дава само две опции: да верува или не да верува.

Вие верувате во Бога.

Ако Бог постои, одете во рајот по смртта; што значи дека вашата добивка е бесконечна.

Ако Бог не постои, ќе изгубите; вашата загуба е конечна и затоа е занемарлива.

Вие не верувате во Бога.

Ако Бог постои, одите во пекол; вашата загуба е бесконечна.

Ако Бог не постои, вашата добивка е конечна и затоа е занемарлива.

Со овие опции и статистика, Паскал се надевал дека ќе докаже дека единственото разумно решение за човекот е да верува во Бога.

Во човечкото срце нема вродено благородност – Паскал

Според Паскал, во човечкото срце нема вродена благородност, туку меѓу луѓето има само физичка страст и суета; нема љубов, туку користољубие; а нема ни чисто милосрдие, туку сè е однапред пресметано; исто така, сите луѓе инстинктивно се мразат.

Според Етиен, сè уште е рано да ја проучува математиката на мала возраст, така што тој воопшто не го одобрува неговото самоуко учење. Во неговата соба, Блез, тајно од татко му, црта геометриски фигури со јаглен, давајќи им на овие бројки фиктивни имиња: кругот е „тркало“, линијата е „црта “, итн. Детето само доаѓа до заклучок дека збирот на аглите во триаголникот е 180 степени.

Тој се занимава со комплексни геометриски проблеми (како што е една од теоремите на Евклид), без претходно да учел математика и без да ги знае точните имиња на геометриските фигури.

Паскаловата теорема ја создал на многу рана возраст

Таткото, кој е аматер математичар, е шокиран од знаењето на неговиот самоук син. Тој го запознава со познати математичари во Париз, кои сеповеќе од импресионирани  од  детето. На 16-годишна возраст, Блез Паскал го објави својот кус трактат кој бил наречен Есеј за конусите и своето прво посериозно дело од областа на математиката му го испратил на отецот Марсен во Париз.

Тоа е денес познато под името Паскалова теорема. Отпрвин се сметало дека ова научно дело е дело на неговиот татко, затоа што се чинело неверојатно што дете од оваа возраст да има таков генијален ум. На 18-годишна возраст, Блез го измислил првиот компјутер во историјата, кој го добил името по него – „Паскалина“ (Паскалов сметач) – видете слика подолу.

Подоцна во животот се занимава со физика, поточно со со хидродинамика и хидростатика, го создава „Паскалов закон“, именуван по единицата за притисок (Паскал).

Последните години од животот 

Во последните години од животот, Блез Паскал се врти кон Бога. Тој се интересира за теологијата и ни го остава неговото генијално литературното наследство: „Провинциски писма“ и „Мисли“. Литературните потраги на Блез Паскал се тесно поврзани со неговата благородна борба против цинизмот. Тој јавно ја осудува максимата на езуитскиот отец Ескобар „Целта  ги оправдува средствата“ – во „ Провинциски писма “.

Провинциски писма “  е серијал од 18 писма кои ги напишал со псевдоним и со кои застанува во одбрана на јансенистот Антоан Арно, кој во 1656 година беше осуден од страна на Теолошкиот факултет во Сорбона во Париз за ставовите за кои се тврдеше дека се еретички. Според Паскал, логиката на езуитите е логика на мнозинството, па затоа таа е општо прифатена.

„Провинциски писма “- книгата со која Паскал ја стекна славата како писател, доби многу пофалби од просветлените умови од неговата ера. Според Волтер, тоа е „Првото прозно дело напишано од генијалец. Ова дело беше наменето да создаде една нова епоха.“За Шарл Перо: „Ништо посовршено досега не е напишано во овој жанр кај нас“, додека пак Оноре де Балзак го нарекува: „Бесмртен модел за памфлет и ремек-дело на хумористична логика “.

Напишете коментар