Skip to content

Добрите луѓе ме болат – Сања Атанасовска

  • by

Прочитајте ги двете песни од поетесата Сања Атанасовска кои со задоволство ги споделуваме со вас!

Добрите луѓе ме болат

Понекогаш
добрите луѓе ме болат
и неповикана доаѓа
гардата од емоции
на патот кон будноста.
Овој свет нема да го наследиме.
Излажи го своето срце дека си радосен.
Сакав да се видам среќна
покрај тебе,
а не знаев
дека љубовта
ја делев со други.
Лошите зборови
ампутираат дел од мојата душа,
и така помалку ме болат
луѓето со душа од памук.  

Музеј од спомени

Земјата под моите нозе
заспива со мирис на шебој.

Сенките ни ги откриваат годините
а јас подавам рака за помош.

Изнудени пофалби и празни зборови
паѓаат во моето мастило полно со златни букви.

Јас сум само музеј од спомени
во кој две скршени стрелки од часовник
си го присвоиле времето.  

Автор: Сања Атанасовска

Напишете коментар