Skip to content

Прочитајте ги интересните факти за Ден Браун, и дознајте кој е новитетот кај него

Авторот на познатите бестселери „Кодот на Да Винчи“, „Ангели и демони“, „Инферно“, кој е роден на денешен ден за кој пишував во оваа статија, има некои интересни ритуали во неговиот живот општо, нп и поврзани со неговата единствена работа – пишувањто. Прочитајте ги во продолжение следните факти.

Се смета за еден од најпопуларните автори во светот

Најпопуларната книга на Ден Браун, „Кодот на Да Винчи“ е продадена во повеќе од 81 милион примероци низ целиот свет. Се верува дека Браун има продадено преку 200 милиони копии од своите книги. Неговите новели се преведени на 54 различни јазици.

Пред писателската кариера се обидел да стане музичар

Пред да стане писател Ден Браун се обидел и во музичките води, па дури објавил и неколку албуми. Интересно, еден од неговите албуми носи наслов „Ангели и демони“, којшто е и наслов на една од неговите најпопуларни книги. Среќа е што не му успеала музичката кариера бидејќи најверојатно никогаш немаше целосно да му се посвети на пишувањето.

Тој никогаш не зема слободен ден

Тој е богат човек којшто заработува милиони од неговите книги, но и покрај тоа, тој никогаш не си зема слободен ден. Станува секое утро во 4 часот и пишува 7 дена неделно. За време на божикните празници можеби сите сакаат да одморат, но не и Ден Браун. Писателот никогаш не отстапува од неговата пишувачка рутина, дури ни за време на празници. Мора да се признае дека е навистина посветен.

Негова инспирација била Сидни Шелдон

Ја добил првата инспирација да напише книга откако ја прочитал книгата „Завера Суден Ден“ од Сидни Шелдон. Очигледно, судбоносен бил моментот кога Ден Браун случајно дошол до копија од книгата на плажа, додека бил на одмор во Тахити.

Тој ги мрази новелите

Иако тој самиот пишува новели, сепак мрази да чита фикција и тешко му е да прочита цела новела. Ден Браун еднаш изјавил: „Една од причините зошто не читам фикција е затоа што не можам да прочитам цела книга“.

Критичарите не му даваат добри оценки

И покрај неговиот огромен комерцијален успех, Ден Браун нема добри оцени кај критичарите. Британскиот писател Салман Ружди ја опишува најпопуларната книга на Ден Браун, „Кодот на Да Винчи“, како книга којашто е толку лоша што ги прави лошите книги да изгледаат добро.

Прави склекови секој час

Писателот на секој час прави пауза од пишувањето за да направи серија склекови. Тој има стар песочен часовник на своето биро за да го потсетува на секој час да направи пауза од пишувањето и да направи серија склекови, клекнувања и вежби за истегнување.

Важи за еден од најбогатите автори во светот

Во 2005 година имаше извештај кој вели дека Ден Браун заработил 76,5 милиони долари само од неговите книги. Истата година тој беше на листата на 100 највлијателни луѓе во Тајм магазинот. Неговата вредност се проценува на 120 милиони американски долари.

Куќата во која живее е изградена како лавиринт

Браун живее во својата куќа од 10 милиони долари во Њу Хемпшир. Куќата наликува на здание од неговите дела, со многу скриени пасажи и врати. Канцеларијата каде што тој ги пишува своите новели е скриена зад слика, а со притисок на копче таа се отвора и ве внесува во канцеларијата. Во ќуќата има и огромна библиотека каде што се сместени копии од сите негови книги на сите јазици на коишто се преведени. Тој оваа библиотека ја нарекува „тврдина на благодарноста“. Како што можете да погодите и библиотеката како и многу други делови од куќата исто така има многу тајни врати и влезови.

Има чуден „ритуал“ кога му недостига инспирација

Како и многу други автори, така Браун вели дека страда од немање инспирација понекогаш. За да се справи со ова, тој се обесува наопаку со чизми прикачени на шипка и така виси како лилјак. Оваа невообичаена техника е позната како терапија на инверзија и се вели дека ја подобрува концентрацијата и меморијата, со чија помош се зголемува протокот на крв во мозокот. Ден Браун за ова има изјавено: „Висењето наопаку ми помага да решам многу проблеми со заплетот во книгите, на тој начин што ми ја поместува целата перспектива.

Последната книга за возрасни ја издал во 2017 година

Книгата „Потекло“ е петто издание во кое како главен лик се појавува Роберт Ленгтон, по Ангели и демони, Кодот на Да Винчи, Изгубениот симбол и Пеколот. Книгата била објавена на 3 октомври 2017 од страна на Doubleday. Дејството во книгата се одвива во Шпанија. Ова е последната негова издадена книга при што се чини дека авторот или паузира од пишување или подготвува некој нов и возбудлив серијал за кој му е потребно повеќе време.
Но, во меѓувреме се очекува во Септември да излезе илустрираната книга за деца „Wild Symphony“ придружена со музички симфонии што можат да се слушаат онлајн. Главниот јунак во книгата е глувчето диригент, а тоа е придржуено со други животни низ приказнта.
На следниот линк можете повеќе да дознаете, а во следното видео слушнете и погледнете како авторот ја најавува оваа книга “Дива симфонија“ која вклучува бесплатна апликација (што ќе биде достапна паралелно со публикацијата) во која ќе има музика компонирана од самиот автор.

Видео за книгата

Напишете коментар