Skip to content

Хаику песни од Нове Богојески

  • by

1

Ноќта се спушта,

волците завиваат

кучиња лаат.

2

Со бели капи

наседнале крај патот

морнари мали.

3

Славејот пее

од дрвото бел цвет

поздрав му праќа.

4

Купови зрна,

а внатре вредни мравки

од утро до мрак.

5

Мразулци капат

од сламената стреа

ко солзи мали.

Автор: Нове Богојески-Прилеп

Напишете коментар