Skip to content

Писмо до големиот повреден човек – Ивана Христова

  • by

Зошто да лажам? Кога во една толку мирна, но злобна ноќ, со твојата безвременска моќ го скрши моето кревко, безлично, недооформено стебленце кое се обиде да му пркоси на еден ,,чинар’’…
Ја уби личноста во мене која нѐ ти беше равна ни по величина, ни по памет, ниту некој некогаш ќе ти биде рамен. Но, јас собрав храброст и ја имам оваа прилика да ја признаам твојата величина и вредност, а мојата глупост и незнаење.

Ти беше во право, што ги отфрли сите слаби, плашливи, мувлосани души во кои се вбројувам и јас. Едни те ранија физички, а повеќето духовно, во кои повторно сум јас.
Ти секогаш ги кршеше послабите, глупавите, но светот е преполн со такви од кои никогаш нема да се одбраниме, зашто за хероите не е никое време. Ако почувствуваат неуспех и се посрамотени, удираат безмилосно…Но, не губи надеж, ќе дојде и твоето време, а ние ќе гниеме во сопствената глупост бранејќи се од недостојни навреди и повреди нанесени на твојата чиста и секому подарена душа. Ако ти е за утеха, за разлика од другите јас го виткам тоа шупливо стебленце пред тебе и те молам да ми простиш. Сето ова ти го пишувам за да ти се извинам за себе и за сите кои можеби се недоволно зрели особи за да те разберат некогаш. Кога ќе те сретнам некаде подобро е да ме снема одошто да го кренам погледот и да ги видам сите мои глупости, навреди во твоите ,,пелистерски’’ очи, но наместо да те повредиме требаше да се самозапалиме за да не постоиме повеќе. Веќе почнаа солзи да ми течат од кои нема никогаш да оздравам, ни сега ни некогаш, но на сите ќе им го кажувам она твоето: ,,Човек се раѓа,човек не се станува’’.
Знај дека никогаш нема да си простам за твоите солзи, Господ знае дека те сакав, те сакам и те почитувам. Ако ме забележиш некаде, знај дека повторно и повторно ти се поклонувам, но нема да го кренам погледот,затоа што чувстувам срам-камо сето ова да беше сон од кој никогаш повеќе нема да се разбудиме. Немајќи зборови за мојот срам, јас полагам писмо, зашто вака не можам да се заплеткам во твојата безвременска интелегенција, ученост и добрина.

Се прашувам како можев да ти ги кажам тие недозреани зборови од кои боли душата, а веќе со месеци се молам за сѐ да ти се случува најубаво. Се борев, викав кога ги слушав другите како те повредуваат, а јас бев таа која најмногу те повреди заборавајќи дека не се плашиш од физичка болка, туку…
Прости им на тие што те повредиле, не знаеле како поинаку да ти пристапат, а мене немој никогаш, зошто пред сѐ јас ќе бидам таа која нема да си прости за твоите пролеани солзи за кои нема оправдување…

Автор: Ивана Христовa

Напишете коментар