Skip to content

Хаику песни од Цветанка Невчева

  • by

На наше задоволство ни пристигнаа уште хаику песни, навистина сте ни инспирација сите што испраќате како што ве инспирираме и ние! Продолжуваме да се инспирираме и понатаму, да читаме и пишуваме. Во продолжение прочитајте го хаикуто што ни го испрати авторката Цветанка Невчева.

1.
Камена плажа
Истрошени чекори
Јадранско море

2.
Златна рипка
Исполнува три желби
Мачор со канџи

3.
Бисерна школка
На уво тажна песна пее
Рибар со мрежа

Цветанка Невчева

Напишете коментар