Skip to content

10 индиски мудрости за животот

За денеска подготвивме статија во која ги прикажуваме десетте индиски мудрости за животот. Бидејќи знаеме дека тој е еден и единствен, секогаш е убаво кога има што да научиме во врска со него. Прочитајте ги во продолжение!

1. „Малата пупка ги растворува латиците велејќи: О, драг свету, немој да овенеш!“

2. „Реката може да стане море, но нема никогаш да постигне морето да биде дел од неа.”

3. „Само тоа што го правиме од љубовта го правиме слободно, независно колку патење произлегло од тоа.“

4. „Свету, кога ќе умрам, во својата тишина сочувај само еден збор за мене: Љубев.“

5. „Во љубовта исчезнуваат сите животни спротивставености.“

6. „Големата Божја моќ е во благоста на ветрот, а не во бурите.“

7. „Големите срца сакаат, малите бараат да бидат сакани.“

8. ,,Подобро е да имаш дијамант со неколку мaани, наместо совршен камен.”

9. ,,Оној кој има вистински пријател покрај себе, нема потреба од огледало.”

10. ,,Немој да се пазариш за риби кои сè уште пливаат во водата.”

Напишете коментар