Skip to content

14 цитати од Жорж Санд: „Љубовта е среќа која ја даваме еден на друг“

Следниве цитати од Жорж Санд ги објавуваме во чест на денот на нејзиното раѓање. Тие се најпознатите мисли што ги оставила како пишано сведоштво што ќе живее вечно. Во следнава статија пишувавме за Жорж Санд и нејзиниот револуционерен дух. Прочитајте ги во продолжение нејзините инспиративни мисли.

1. „Љубовта е среќа која ја даваме еден на друг“.

2. „Пред сè децата треба да им се доверуваат само на луѓе кои се одликуваат или со срце или со дух“.

3. „Сегашноста секогаш е некој компромис измеѓу она што се сакало и она што се постигнало“.

4. „На почетокот на љубовта љубовниците зборуваат за иднината. Кога љубовта е на крајот зборуваат за минатото“.

5. „Не е грев во тоа ако жената заминува од љубовникот што го сака, туку ако му се дава на оној кој не го сака, па макар тоа да биде и нејзиниот сопруг“.

6. „Потешко е да се прими совет отколку да се одбие подарок“.

7. „Умот бара, но срцето наоѓа“.

8. „Со верата е како и со љубовта. Кога ја барате не ја наоѓате, а ја наоѓате во моментот кога најмалку ја очекувате“.

9. „Заедничкиот живот е најголем степен на среќа помеѓу луѓето што се сакаат. Но на секое мисловно битие му се потребни часови на осаменост и собраност. Само по таа цена се ужива во сласта на заедничкиот живот“.

10. „Среќата е да се помага на старите суштества кои нè негувале во детството“.

11. „Од каде им е визијата на децата за она што никогаш не го виделе?“.

12. „Шопеновиот гениј е најдлабок, најчувствителен и највозбудлив што некогаш постоел. Тој говори со јазикот на бесконечноста на еден единствен инструмент“.

13. „Тешко на оној кој сака во љубовта да внесе искреност“.

14. „Жената во љубовта мора да сака сè или ништо“.

15 „Постои само една среќа во животот, а таа се состои во тоа да човекот биде сакан“.

Прочитајте ги и овие остроумни мисли од Сартр!

Напишете коментар