Skip to content

Жорж Санд – истакната француска новелистка: „Постои само една среќа во животот – да се сака, и да се биде сакан“

Амандина-Аурора-Лусил Дипен или Жорж Санд родена е во Париз на 1 Јули во 1804-та година. Плод на аристократија и боемски-работничка класа. Израснала во семејниот имот распната помеѓу мајчиниот слободен дух со нота на едноставност, т.е. бабините цврсти раце и специфичниот надзор прикладен за развој на идната дама во облик на аристократска слика. Се смета за една од најуспешните писателки од Франција. Нејзини најпознати дела се: „Индиана“, „Црвено и бело“, „Марсел“, „Дневник“, а со романот „Малечката Фадета“ го достигнува својот врв.

Нејзината потреба за комфор, ментален и физички почнала уште од мали нозе. Не се пронашла во тесните кроеви, односно чудните фризури, а камоли во туѓите мислења. Обожавала да чита. За себе мислела дека не е ниту убава, а ниту грда, бидејќи како што изјавила: „Грдотијата наведува на предрасуди во една, а убавината во друга смисла“.  Текстов не е класична биографија за нејзе, а за да се покаже каков револуционерен живот имала Жорж, заедно со нејзиното автентично и страствено живеење, постои целосно слобода во неговото пишување, надвор од рамките на самата „биографија“.

За животот и работата под псевдоним

Да се потсетиме на личноста која за време на тесни социјални конвенции храбро го изнесла нејзиното политичко мислење, сексуалната слобода, визијата за смислата и успехот, т.е. за крајот на кариерата на која ѝ дала независност и долгорочно создавање.

За да живеам секогаш ми била потребна цврста одлука дека живеам за некого или за нешто, за луѓето или за идеите“, наведува во нејзината книга „Повест за мојот живот“.

Го најавила горкиот феминизам за добросостојбата на идното општество. Пишувала социјални, рустични и љубовни романи. Страдала од скрибоманија, теоретизирала за судирот помеѓу љубовниот копнеж и хипокризијата на социјалните конвенции. Никогаш не му се приближила во целост на концепцијата на реализмот. Била најдобро платена писателка во своето време благодарение на нејзината снаодливост и став каде што целта не ги бира средствата, создавајќи го својот пат под машки псевдоним низ искуство на жена – Жорд Санд.

Борбата за рамноправност

Во бракот со Казимир Дидевант со кој имала две деца започнува нејзината борба за рамноправност, еманципација и неизвесност низ работата, создавањето. Бракот ѝ ги одземал самоспознавањето и целта. „Не знам дали имам право што сметам дека гордоста е една од првите должности на жената, но не можам, а да не ја мразам љубовта што станува дрска“.

Извојуваната слобода ја ужива од 1831, со заминување во Париз. За нејзе тоа биле денови на егзистенцијална суровост, борба и нов почеток (се обидувала да преведува од странски јазици, да шие, слика и црта за приходи). Започнала со пишување статии (Le Figaro). Тие години започнуваат нејзините љубовни афери, а со нив и првите дела под псевдонимот „Jules Sandaeu“ – Rose Et Blanche i Indiana, нејзин прв самостоен роман под псевдонимот Ж.С. кому му останува верна до самиот крај. 

Творештвото на Санд брои повеќе од 70 романи, бројни приказни, новели, театарски претстави, критики, статии, автобиографии, односно импозантен број коресподенција. „Грдотијата наведува на предрасуди во една, а убавината во друга смисла“.

Санд била борец за женските права

Жорж со еден дел живеела низ љубовта, а со другиот низ глад за еманципација на жените. Се борела за женските права за образование, еднакви права во институцијата брак, помеѓу слободни поединци. После кризата од 184-та год. таа презема поактивна политичка улога т.е. покренува три списанија со кои ја известува пошироката јавност за социјално-политичката ситуација.

Феномен е на општеството во кое припаѓала, се провлекувала низ животот оригинално, интелектуално и со сонување. Ја обожавала својата финансиска и емоционална независност. Била романтичарка и визионерка. „Навистина многу живеам во облаците, а тоа е причина за повеќе да почувствувам потреба за почести спуштања на земја“.

Се препуштила на тогашните скандалозни подвизи како пушење во јавност односно облекување машка облека. Тоа ѝ овозможувала мобилност, леснина, брзина и практичност. Ги претрчувала улиците на Париз со леснотија на девојче, го хранела нејзиното интелектуално и емоционално битие со познанства и пријателства со најголемите уметници од тоа време и била обожавана! (Балзак, Иго, Делакроа, Лер) Љубовта за нејзе била синоним за живот, глад за онаа вистинска слика од истата ја довела до новите големи љубови – Алфред де Мисе, т.е. Фредерик Шопен.

Љубовта со Шопен

Биле безвременски класик во раскош на спротивставени суштества, имале братска љубов и исклучително почитување еден кон друг. Тој бил алка од својот вид и сопствениот музички опус, недефинирана и непостојана личност, со слабо здравје во потрага по мелодија и возбуда.

„Значи беше во ист момент и слатко, но и неподносливо да се биде личност спрема кој тој чувствува наклоност бидејќи тој возвраќаше со благодарност со камати за најмалиот зрак светло, а ве загрижуваше со неговите разочарувања, кога ќе се појавеше и најнезначителна сенка“. Така извесната взаемна наклонетост мораше одеднаш да се скрши, а да не се троши во несогласувања недостојни за неа“, се потсетила Жорж на Фредерик во нејзината автобиографија.

Шопен после две години од нивното прекинување се разделил и од животот. На спроводот, на гробиштата присуствувале над 3000 луѓе, но не и Жорж останувајќи доследна на нејзиниот мистицизам во крилата на новите и старите љубовници. Извршила големо влијание на многу писатели од нејзиното време, останувајќи запомнета, но вечно неодгатната – дама со врела крв и големо животно дело.

Смртта на Санд

Починала на 8-ми Јуни 1876, а всушност тоа никогаш не го направила. За оние кои мислат поинаку, погребана е во Париз каде што постои нејзин музеј, и прекрасна градина посветена на негување на нејзината вечност. Нека вечноста на Санд низ овој текст почне и заврши со нејзиниот цитат – „Постои само една среќа во животот – да се сака, и да се биде сакан“.

Предлагаме да ги прочитате и нејзините цитати со кликнување овде.

Напишете коментар