Skip to content

Ништо не трае вечно

Една од најважните работи во животот е да запомниме дека сме сите еднакви пред него. Токму и Стефани Ридс, се обидува да ни го каже истото преку нејзините зборови. Прочитајте ги во продолжение нејзините мисли.

Животот е непредвидлив и во секој миг работите можат да се сменат. Постојат денови кога се чувствуваш добро, но постојат и денови кога не можеш да си го замислиш станувањето од кревет. И тоа е во ред. Тоа е сосема во ред. Живот е ова. Не можеш да го имаш едното, во случајов да се чувствуваш среќно и исполнето, без да почувствуваш тага и болка.

Не можеш да имаш бела боја, без малку црна на палетата на животот. Не можеш да ја видиш светлината, без да ја почувствуваш темнината на своја кожа. Болката, тагата, среќата, загубата, добивката, одбивањето, прифаќањето, насмевките, солзите, прекратките, плачот, го прават животот една прекрасна авантура. Тие се малите делчиња од сложувалката.

Добра и лоша вест 

Се надевам дека знаеш дека ништо од ова не трае вечно. Тие велат дека добрата вест е тоа што ништо не трае вечно. Лошата вест е дека… Па исто така дека ништо не трае вечно. Сè поминува, сè бледнее. И колку ова и да звучи депресивно, животот мора да продолжи понатаму.

Па, слушни што има да каже твоето срце. Дозволи им на емоциите да го напуштат твоето тело, искажи ги, без разлика колку си исплашен. Дозволи му на срцето да тагува. Дозволи си на себеси да бидеш исплашен. Немој да ги криеш емоциите од светот. Нека душата ти биде отворена за секој нов бран што ќе заплисне на бреговите на твојот живот, без разлика дали носи тага или среќа. Разочарување или исполнетост. Човек си. Сите емоции се за човекот.

Секогаш фокусирај се на искуството. На она што си го извлекол како лекција и што си успеал да го научиш. И од тагата и од среќата. И од злото и од добрината. И запомни дека колку и да е тешко, еден ден ќе биде подобро. Ќе закрепнеш, ќе се насмевнеш повторно. Ќе ги рашириш рацете и ќе ја пречекаш среќата на прагот.

Лошите денови не траат засекогаш. Со болката можеш да се договориш. Ти можеш да ги преживееш предизвиците на животот. Пресудна е вербата во себе. Ти не си сам!

Напишете коментар