Skip to content

Биди ми Менада

Оганот во очите на младата дама

Ме обзема како абсинтот хризолитен

Втурнат со срце во првична драма

Се гледаме распламтено, не?

Скини ми ги прангиве, велам

Не потиснувај ми ја слободата

Нека крилјата лутаат по небото

Јас и ти бесцелно лебдиме

Лебдат и страстите разулавени

Десет милиони сатири

Десет милиони нимфи

Го слават денот сегашен

Биди ми Менада нескротлива

Дур духот мој дионисов

Го живее танцот твој

Напишете коментар