Skip to content

Писмото на десетте прсти – Сања Атанасовска

  • by

Имам само десeт прсти
и едно писмо што отстојува
во фиоката на мојот живот
затоа што немам црвена љубов во розов свет
ниту зелена надеж во сивото секојдневие
ниту бела светлина
што ќе ме донесе до тебе
немам патека од каде да тргнам
ниту место каде ќе стигнам
имам само десет прсти
и едно писмо
на кое му се навраќам по којзнае кој пат
за да го пишувам, допишувам и препишувам
за тебе и само за тебе.

Автор: Сања Атанасовска

Напишете коментар