Skip to content

Пред нашето време

Живееме секогаш пред нашето време.

Таму се бајките

Кои никогаш не сме ги раскажале,

Соништата кои

Сме ги сонувале без да се остварат,

Разговорите

Кои никогаш не сме ги имале во четири очи;

Таму се луѓето

Кои не можеме да ги сретнеме пред  да дојде нашето време

Живеат во бајките каде

Се борат доброто и злото,

Доброто секогаш победува

Пред да стигнеме до него,

Се наоѓа надвор од времето во кое живееме

Тоа е доброто на бајковитите принцези

Од соништата кои никогаш не се остваруваат

Но се бориме за да се остварат,

Тоа е доброто од романтичните разговори

Кои никогаш не сме ги имале

Но сонуваме да ги имаме,

Тоа е доброто од добрите луѓе

Кои никогаш не сме ги сретнале,

И ги бараме по улиците, но ги нема,

Тие се секогаш

Пред времето во кое живееме,

во времето кое не можеме

никогаш да го достигнеме.

Напишете коментар