Skip to content

10 мисли за љубовта

За љубовта се воделе војни, се пролевала крв. Истовремено таа е најупотребуваната тема во уметноста, и најголема инспирација за многу уметници. Возвратена, невозвратена, среќна, недостижна, неостварена. Секој вид љубов има одредена улога во нашите животи. Прочитајте ги во продолжение мислите за љубовта што ги одбравме за денес.

1. „Љубовта е тиранин кој никој не поштедува“. – Корнеј

2. „Љубовта е како заразна болест: колку повеќе човек се плаши од неа, толку повеќе може да се зарази“. – Никола – Себастијан Шамфор

3. „Невозможно е да се сокрие љубовта во очите кои љубат“. – Џон Краун

4. „Во еден роман има повеќе љубов отколку во еден голем град“. – Јован Дучиќ

5. „Што е љубовта? Таа е долга можност за болка“. – Михаил Еминеску

6. „Љубовта е пролетна билка која сите ги исполнува со својот мирис на надеж, дури и урнатините врз кои ќе никне“. – Флобер

7. „Првата љубов е опасна само кога е и последна“. – Бранислав Нушиќ

8. „Нема сонце без светлина, ниту човек без љубов“. – Гете

9. „Љубовта е само крик на побуна против празнината во животот“. – Батај

10. „Љубовта никогаш не се раѓа во злобна душа“. – Мухамед Икбал

Прочитајте и како да ја вратите контролата врз своите мисли и ум!

Напишете коментар